Home / Престој во природа / Логорување во природа / Во машка и женска конкуренција – велешките извидници втори во Македонија

Во машка и женска конкуренција – велешките извидници втори во Македонија

zenski dion2Сојузот на извидници на Македонија во периодот од 9-11.10.2015 год. во извидничкиот дом “Градовци“ го организираа овогодинешниот Државен Извиднички Ориентационен Натпревар – ДИОН 2015. На ДИОН 2015 учество земаа педесетина извидници и се натпреваруваа во две категорои РИОН за постари извидници и РАПИ за помлади извидници. Постарите извидници во рамките на РИОН (Републички Извиднички Ориентационен Натпревар) се натпреваруваа во областа на ориeнтацијата и топографијата на непознат терен, прва помош, сигнализација и тестови од повеќе области. Додека пак помладите извидници во рамките на РАПИ (Републичка Акција за Помлади Извидници) се натпреваруваа во областа на основното ориентирање преку патни знаци, прва помош, пионерство, игри, полигон на спретност. На ДИОН 2015 во Генерален пласман први беа извидниците од ИПО “Јадран“. Машката екипата на извидници од извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес во состав: Трајче Темелковски, Благој Ѓоргиев, Мартин Трајков и Љупчо Кузманоски го освои второт место, а додека пак втората екипата на извидници во состав: Кире Харалампиев, Мартин Голчев, Лазе Каргов и Давид Камчевски го освои петото место.
Во женска конкуренција во категоријата извидници, женската екипа на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес во состав: Ангела Чејкова, Симона Тодорова, Викторија Ставровска и Емилија Алексовска го освоија второ место.
Со освојувањето на второто место во машка и женска конкуренција на Државен Извиднички Ориентационен Натпревар – ДИОН 2015, извидничкиот одред “Димитар Влахов“ го покажа континуитетот на квалитетен одред во кои се работи и практикува топографијата и ориентацијата во природа.
Патролите на велешкот градски одред се задоволни со постигнувањето на резултатите во рамките на ДИОН 2015, а со тоа и понатуму се докажува квалитетната работа на велешкиот извиднички одред кои е и нај стар во Република Македонија со 63 годишна традиција.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu