Home / Индивидуални спортови / Маунтбајкингот – начин на живеење

Маунтбајкингот – начин на живеење

Во ова време на живеење, кое е многу брзо и темпераментно, м4_mountain-bikeаунтбајкингот е начин да дојдете до создавање на свој душевен мир, да си создадете авантура, а преку тоа да извршите оформување на телото и да го унапредите  психичкото здравје. Маунтинбајкингот со себе носи потреба да се истражува теренот и да се преземаат одредени ризици при тоа истражување. Ако возите некаде за прв пат, секој нареден метар за вас ќе биде нешто ново, нешто што треба да се осознае, понекогаш на полесниот а понекогаш и на потешкиот начин. Треба да изберете од која страна ќе се искачувате на ридот или планината, да најдете начин да ги избегнете сите оние гранки од дрвјата кои ви се испречуваат на патот или пак како најлесно да поминете по тесниот мост. Тоа со себе носи одредено ниво на ризик, поради можните грешки, како на пример при одредувањето кој пат да се избере или поради ризикот од паѓање од велосипедот. Овој спој од ризик и истражување гарантира авантура. Истражувањето со маунтинбајкот не подразбира само возење на места каде што не сте биле до сега. Земете го велосипедот и одете некаде во околината на вашиот град или село, некаде каде што веќе сте поминале многу време. Ова ново возење ќе ви овозможи да го истражите и видите истото тоа место на поинаков начин. Уживањето во живописноста на местата од вашето опкружување е загарантирано. Маунтбајкингот е доста тежок спорт. Потребен е напор за да се искачувате по ридски предели, не е лесно ниту да се спуштате, а дури и возењето по рамен терен е понапорно отколку при возењето велосипед на асфалт. Еден час маунтбајкинг согорува 500–600 калории, отприлика колку и пливањето. Особено добро ги обликува нозете и задникот. Самото поминување време во природата позитивно влијае на ослободувањето од стресот. По двочасовното авантуристичко возење ќе се чувствувате посмирено, посреќно и со повеќе енергија. Земете со себе телефон за итни случаи, но немојте да го користите додека сте во природа. Бидете присутни овде и сега, во сегашниот миг. Видете каде ве носи патеката, вртете на педалите, воодушевувајте се на пејзажите околу вас… Возењето велосипед во диви предели може ќе побара од вас да поправите некој ситен дефект на велосипедот, да побарате храна во дивината, а сигурно ќе побара и да се искачите по планина или опасните спустови да ги изведете на возбудлив, но истовремено безбеден начин. Маунтбајкингот е полн со предизвици. Нивното совладување ќе направи да се чувствувате сигурни во своите способности и ќе ви ја покачи самодовербата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu