Home / СУС Велес / Масовен училишен спорт – СПОРТ ЗА СИТЕ

Масовен училишен спорт – СПОРТ ЗА СИТЕ

masoven2На 26.10.2013 год. (сабота) во организација на Општина Велес и реализација на СУС ВЕЛЕС 2002 започна со реализација проектот “ МАСОВЕН УЧИЛИШЕН СПОРТ – СПОРТ ЗА СИТЕ “. Како и во другите основни општински училишта во градот така и во ООУ“ Благој Кирков“ – Велес под менторство на наставникот Тодор Сутинов и двајца невработени наставници Зоран Мајсторски и Радмила Неркова, започна со спроведување на проектот во кои учество земаа 40 ученици од ООУ“ Благој Кирков“ и 20 ученици од ООУ“ ЈХК Џинот“-Велес. Учениците беа поделени во 3 групи и секоја група имаше по еден час за спортување. Земајќи ги во предвид значењето на училишниот спорт за развој на младите генерации и неговата позитивна улога во борбата против пороците, неопходно е да се посвети поголемо внимание на младите поколенија да спортуваат. Затоа заедно со учениците од двете училишта во наредните месец во саботите повеќе ќе се спортува поткрепено со музика, ќе се забавува и ќе се дружиме. Во здраво тело здрав дух !

Превземено од: https://www.facebook.com/tsutinov

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*