Home / Исхрана на спортистите / Магнезиумот како суплемент

Магнезиумот како суплемент

protein-2Магнезиумот заедно со калиумот, калциумот и натриумот се основните елементи неопходни за правилно функционирање на организмот на човекот. Вашето тело не го произведува овој важен минерал. Поради тоа, потребно е секојдневно да консумирате храна, богата со магнезиум. Повеќето јаткасти плодови содржат магнезиум.

Зошто ни е потребен магнезиум?
Магнезиумот игра важна улога во работата на кардиоваскуларниот систем, нервниот систем, мускулите, бубрезите, црниот дроб, жлездите што лачат хормони и мозокот. Тој се апсорбира преку цревата и потоа со помош на крвта се транспортира до клетките и органите, каде што се складира. Денес научниците веруваат дека магнезиумот помага во превенцијата и лекувањето на многу болести како астма, аутизам, срцеви заболувања, епилепсија, ХИВ/Сида, мултиплекс склероза, ПМС и лупус.

Симптоми при недостиг на магнезиум
Магнезиумот учествува во различни реакции и функции на организмот. Две третини или 60% од магнезиумот во телото се наоѓа во коските, 35% во срцевиот мускул и скелетните мускули, а остатокот во бубрезите, црниот дроб и мозокот. Поради тоа, симптомите при недостиг на магнезиум се најразлични. Најчести симптоми се:
– Слабост или грчеви во мускулите;
– Аритмија или забрзано отчукување на срцето;-
– Главоболка;
– Висок крвен притисок;
– Покачување на телесната тежина;
– Депресија;
– Мачнина;

Недостаток на апетит.
Недостатокот на магнезиум може да се утврди преку анализа на крвта. Неконтролираното консумирање на магнезиум под формата на апчиња или како додаток во исхраната може да доведе до предозирање. При предозирање со магнезиум симптомите се: дијареја, малаксаност и поспаност. За да ги избегнете тие непријатности, не употребувајте магнезиум надвор од вашата исхрана, освен ако тоа не ви е препишано од доктор.
Препорачаните дневни потреби за магнезиум се:
Новородени (0-6 месеци) – 30mg
Новородени (7-12 месеци) – 75mg
Деца (1-3 години) – 80mg
Деца (4-8 години) – 130mg
Тинејџери (14-18 години) – 360 до 410mg
Мажи (19-30 години) – 400mg
Мажи (31 година и нагоре) – 420mg
Жени (19-30 години) – 310mg
Жени (31 година и нагоре) – 320mg
Бремени жени (19 години и нагоре) – 350 до 360mg
Доилки (19 години и нагоре) – 310 до 320mg

Храна богата со магнезиум
Повеќето растенија и јаткасти плодови содржат магнезиум. Консумирањето на сончоглед, соја, ореви, семки од тиква, грав, леќа или интегрален леб, зелена салата, морска риба, банани и чоколадо го покачува нивото на магнезиум во организмот.
Денес сите ние водиме стресен живот, а магнезиумот го подобрува расположението и помага при стрес. За да бидете поспокојни и поздрави не прескокнувајте ја споменатата храна, богата со овој незаменлив минерал.

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu