Home / Индивидуални спортови / Магијата на веслањето

Магијата на веслањето

61210401-cambridgeMалкумина во кај нас во Македонија ја имале можност да застанат и со воодушевување да го испратат осмерецот кој лизга по мирната површина на водата, воден од веслата на осум совршено синхронизирани веслачи. Глетката кај набљудувачот најчесто предизвикува чувство на хармонија и леснотија. Имате впечаток дека со минимум напор веслачите ги движат веслата, кои, само што ќе влезат во водата, го оттурнуваат чамецот метри нанапред. Во право сте кога ќе помислите дека хармонијата е друго име за веслањето, тоа е, воедно, најнеопходна состојка на овој спорт.
Друга асоцијација за веслањето, за спортските сладокусци, е прочуената универзитетска трка на осмерци од Оксфорд и Кембриџ на Темза, поради која Англија се смета за колевка на модерното веслање. Традицијата е воспоставена во 1828 година, кога Чарлс Меривел, студент на колеџот од Кембриџ, го предизвикал својот школски пријател, инаку студент на Оксфордскиот универзитет, да ги одмерат силите во веслање по реката кај гратчето Хенли. Ова била прва официјална трка помеѓу Оксфорд и Кембриџ.
Одржани се 162 трки, кои се со прилично изедначен резултат, во кој, сепак, мала предност остварува
Кембриџ. Кембриџ има 82 победи, Оксфорд 79, а има и една нерешена трка.Колкава е популарноста на оваа трка покажува податокот од поновата историја дека околу 250 000 луѓе ја следат од брегот на реката, а околу четири милиони луѓе преку ТВ-пренос.
Веслањето е моноструктурален спорт, што значи дека го сочинуваат движења кои циклично се повторуваат и според тој критериум изгледа како монотона активност, но со оглед на тоа дека се одвива на вода, во природа и најчесто во друштво, тренинзите и трките изобилуваат со возбуда, па таа етикета никако не може да му биде залепена.
Веслањето е олимписки спорт кој го тренираат и жените и мажите. Трките се организираат за двете категории со стандардна должина од 2 000 м, освен за помлади категории, тогаш се пократки, најчесто 1 500 м. Во трката учествуваат шест чамци во стази кои најчесто, но не мора задолжително да бидат, одвоени со пливки. Прв пат стазите на некој веслачки натпревар се одвоени со пливки на Олимписките игри во Рим, во 1960 година.

И за крај “… додека се разденува, чамецот се подига од сталажата и тргнува кон новиот ден. На другата основа повеќе весла се подготвени да бидат изнесени и сместени во виљушките. Тогаш, пробудени од реката и чувството на весла во рацете, веслачите се соединуваат во потполност со чамецот. Симфонијата не е само во натпреварувањето. Таа е во усогласеното движење на вода, хармоничното движење на веслата и мускулите, каде што секој дел од опремата и секој веслач воедно е и движач, но и лимит на движењето (Stephen Kiesling, The Shell Game)“

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu