Home / Методика на ФЗО / Ликот на наставникот по ФЗО/ССА

Ликот на наставникот по ФЗО/ССА

Оnastavnik po sportд интегрално значење за постигнување на квалитетна спортска педагогија е да се овозможи секој ученик  и семејство да бидат вклучени, почитувани и вреднувани, да партиципираат и да работат на остварување на заедничките цели и да го развијат својот моторички потенцијал.  Наставникот по физичко образование/спорт и спортски активности претставува модел и гарантира дека преку секојдневните моторички активности децата учат да ги ценат и почитуваат различностите и да разваат вештини и активно да учествуваат во заедницата. Наставникот по физичко образование/спорт и спортски активности  е промотор во препознавањето на различните потреби, на ефективна соработка за достигнување на една заедничка цел и на почитување на посебните интереси и потреби на единките или група ученици .Секое ученик  треба да биде доживеан како активен учесник во образовниот процес односно на часот по физичко образование/спорт и спортски активности, како индивидуа и како рамноправен член во заедницата и пошироко во општеството.
Наставникот по физичко образование/спорт и спортски активности  дава подеднакви можности секој ученик  да научат и да учествуваат во образованието, без разлика на полот, расата, етничкото потекло, културата, мајчиниот јазик, религијата, семејната структура, социјалниот статус, економскиот статус, возраста или посебните потреби или пак:
– наставникот  е свесен за своите убедувања, ставови и искуства и за тоа дека тие влијаат на начинот на реализирање на наставата по ФЗО/ССА и на неговата комуникација со учениците  и со семејствата.
– наставникот се однесува со почит, дигнитет и грижа кон секој ученик , давајќи подеднакви можности учениците  да учествуваат во сето она што се случува на часот по ФЗО/ССА.
– наставникот се однесува со почит, дигнитет и грижа кон секое семејство и изнаоѓа начини да го вклучи во образованието на нивниот ученик .
– наставникот  користи јазик и активности со цел да се избегнат половите и други стереотипи.
– наставникот ги приспособува условите и активностите за учење на часот по ФЗО/ССА  со цел учениците со различни моторички способности, со различна едукативна и социјална позадина да можат да учествуваат во сите активности.
– наставникот  го воведува концептот за лична одговорност кон околината и им овозможува на учениците  истата да ја почувствуваат низ практични вежби кои ги нуди програмата на ФЗО/ССА .
– наставникот   ги насочува учениците  сите да ги сметаат за еднакви и кон нив да се однесуваат со почит, а истото да го очекуваат и од односот на другите кон нив.
– наставникот  им преку програмата на ФЗО/ССА  помага на учениците  да разберат како стереотите и предрасудите можат да влијаат на нивните ставови и однесување.
–    наставникот по ФЗО/ССА  ги одобрува и почитува оние ученици кои имаат поинакви ставови и им помага да развијат вештини да ги изразат тие ставови на соодветен начин

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu