Home / Колективни спортови / Лепакот за ракометна игра заминува во историјата

Лепакот за ракометна игра заминува во историјата

10956519_812295805486652_3501405643986107411_nМеѓународната ракометна федерација најавува донесување на одлука со која ќе се забрани употребата на лепак за топка при играње на ракометната игра. Светската ракометна организација веќе подолго време тестира топка која што при нејзиното користењето од страна на ракометните играчи истата ќе може да се контролира без употреба на стандардниот лепак, кој досега беше користен од страна на ракометните екипи. За изработката на новата топка контактирана е компанијата Молтен, која што во развојот на гореспоменатата топка како производ ќе инвестира повеќе од милион долари, а треба да се нагласи дека и Молтен го приведува до крај производството на овој вид на топка која што треба да заживее најкасно до крајот на 2017 година.
Коистењето на лепакот преставува проблем. Прво не е здраво за ракометарите, многу спортски сали ширум светот не дозволуваат користење на лепакот поради неопходното чистење после натпреварот, што носи дополнителни трошоци, но и заради фактот што лепакот ги уништува подовите во спортските сали. Понатаму бојата на топката која што е карактеристична за секој поголем спортски настан (ЛОИ, СП, ЕП), видлива е само во првите пет минути се додека не се препокрие со лепакот нанесен од страна на играчите и на крај некои родители не дозволуваат на своите деца играње ракомет поради користењето на лепакот. Веднаш по лансирањате и дистрибуирањето на спометатата топка од страна на Молтен, ќе биде донесено правилото за забрана на користење на лепак. Тоа треба да се случи на ИХФ Конресот во 2017 година. Правилото би важело и би било обврзувачко за сите нивоа на натпревари ширум светот.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu