Home / Колективни спортови / Куп на конфедерации

Куп на конфедерации

Ракометната игра во последнава деценија на светско ниво има голем подем и станува еден од нај спектакуларните и нај атрактивните спортови. Но сепак овој спорт го следи и еден натпреварувачки “пренатрупан“ распоред кои доста влијае на здравјето на ракометарите. Па затоа во иднина треба да се изврши промена на ритамот на организирање на светските и европските првенства. Играчите во сред сезона мораа да ги напуштаат клубовите, да одработат кратки припреми со репрезентациите и потоа да отпатуваат на две до три недели во лов на медали под знамето на својат држава . И така секоја година, затоа што светските и европските превенства по распоред се секое второ зимо, а во меѓувреме ќе се вплеткаа и Летните олимписки игри и добиваме во времетраење од даванаесет месеци три големи натпреварувања како што беше периодот јануари 2016 – јануари 2017 година.
Но ИХФ и ЕХФ немаат слух и тие во борбата за пари и профит на најдобрите репрезентации сакаат да им измислат ново натпреварување – Куп на конфедерации. Планот на претседателот на ИХФ, Хасан Мустафa е овој тип на натпревари да започне од ноември оваа година и да се игра секоја втора година. Учесници на овој Куп би биле шест репрезентации поделени во две групи по три екипи, а право на настап би имале светскиот првак, олимпискиот првак, европскиот првак, домаќинот и на покана репрезентациите на азискиот и африканскиот првак.
Најдобрите две екипи од двете групи би оделе во полуфинале, а победниците од полуфиналните натпревари би играле финале. Значи вкупно четири натпревари во четири дена. Не звучи така многу, но ако знаеме колку е долг календарот на натпревари на ракометарите, тогаш ќе знаеме и колку време е потребно за одмор на најдобрите репрезентации. Пример врвните ракометни имиња кои настапуваат во националните лиги или пак во лигата на шампионите, во последнава година практично немаа ни ден одмор.
Мамецот на ИХФ е всушност финасиската добивка и тоа ИХФ според сопствената идеја и на маркетинг компанијата УФА спорт ќе предложат да добијат 100.000 франци, а 900.000 би ги поделиле шесте репрезентации помеѓу себе.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu