Home / Исхрана на спортистите / Кофеинот и физичката активност

Кофеинот и физичката активност

Coca-Cola-Ice-GlassУлогата на кофеинот во однос на спортистите е контроверзна. Повеќето од податоците се контрадикторни, но има некои работи со кои истражувачите се на едно мислење. На пример: кофеинот не помага при вежби со висок интензитет (спринт), но ја подобрува продуктивноста во спортовите за издржливост (тренинг со тежини). Кофеинот се апсорбира во желудникот и цревата и неговите максимални нивоа во крвта се јавуваат околи 45-60 минути по внесувањето. Откако ке навлезе во крвотокот, кофеинот предизвикува низа физиолошки ефекти. На пример, тој го зголемува крвниот притисок, пулсот и прозиводството на желудочната киселина.

Каде и колку е застапен во производите:
1 шолја инстант кафе:                100 mg
1 шолја филтер кафе:                 140mg
1 шолја зелен чај:                       30-60 mg
1 лименка на кока кола:             40 mg
1 лименка енергетски пијалак:   80 mg
50гр темна чоколадо: околу       50 mg
50гр млечно чоколадо: околу     25 mg

Истражувањата покажаа дека кога станува збор за спорт, кофеинот делува на следниов начин:
•    Го ублажува заморот;
•    Го забавува разградувањето на мускулниот гликоген, тоа значи дека телото има повеќе “гориво”;
•    Ја зголемува издржливоста;
•    Ја подобрува концентрацијата;
•    Ја намалува болката во мускулите после тренинг;
•    Може да го намали чуството на напор на оние кои се занимаваат со спорт и да се чуствуваат поудобно.

Негативни ефекти
Бидејќи кофеинот го зголемува производството на желудечна киселина, тој може да ги влоши симптомите на чир. Покрај тоа, тој е стимулант и има несакани ефекти, кои кај некои луѓе може да предизвикаат:
•    Често мокрење
•    Стомачна подуеност
•    Треперење
•    Проблеми со сонот
•    Растревоженост
•    Главоболка
•    Гадење
Според неодамнешна студија, зголемениот внес на кофеин (повеќе од 5 чаши дневно), го зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести, но нема докази дека кофеинот предизвикува рак или сериозни срцеви аритмии.

Препораки за спортисти
– Пијте кофеин околу 1-2 часа пред почетокот на тренингот.
– Имајте на ум дека кофеинот е диуретик и може да ве прекине во тренингот за да прошетате до тоалетот. Ова би можело негативно да влијае на вашите спортски напори и да го намали нивото на хидратација во вашиот организам.

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu