Home / Исхрана на спортистите / Коренот наречен ѓумбир

Коренот наречен ѓумбир

gumbirЃумбирот е многу популарно коренесто растение со примена во кујната, но и во медицината. Коренот и денес наоѓа свое место во традиционалните индиска и кинеска медицина, поради уникатниот состав на фито-хемикалии, за кои се знае дека имаат превентивни и лековити својства. Лутиот корен всушност е подземен ризом од малото растение кое припаѓа на фамилијата Zingiberaceae од родот Zingiber. Се смета дека оваа билка потекнува од регионот на Хималаите во Југоисточна Азија. Денес се одгледува на многу места низ целиот свет, за комерцијални потреби. Растението расте до приближно еден метар во височина и има тенки, темно зелени листови кои наликуваат на трева и мали, жотли цветови. Коренот е составен од делови кои наликуваат на прсти, со голем број јазли, кои растат надолу од површината на почвата. Свежиот корен има сребренкасто-сива боја на надворешноста. Во внатрешноста има кремасто-бело, жолто или црвено, крцкаво месо, во зависност од сортата. Во коренот често можат да се сретнат влакна низ средината, особено кај презреаните корења. Силниот, луткаст вкус и богатата арома се должат на присуството на есенцијалните масла и фенолните соединенија, како што се: гингероли и шогаоли. Галангалот (Alpinia galanga), исто така познат и како син ѓумбир, е растение во блиско сродство со ѓумбирот, кое се одгледува најмногу во регионите од Источна Азија. Галангалот има поумерен и помалку лут вкус од ѓумбирот.

Здравствени придобивки од ѓумбир:

  • Ѓумбирот се користи уште од најстари времиња, поради неговите антивоспалителни, карминативни, антифлатулентни и антимикробни својства.
  • Коренот содржи голем број есенцијални масла корисни за здравјето, како што се: гингерол, зингерон, шогаол, фарнесен и мала концентрација на бета-феладрен, цинеол и цитрал. Гингеролите помагаат во подобрувањето на подвижноста на гастроинтестиналниот тракт и имаат антивоспалителни, аналгетски, смирувачки, антипиретички и антибактериски својства. Научните истражувања покажаа дека можат да ги намалат мачнините кои се последица на морска болест или бременост, но помагаат и при главоболки предизвикани од мигрена.
  • Зингеронот, кој на ѓумбирот му го дава силниот вкус, е ефективен во борбата против дијареа предизвикана од ешерихија коли, особено кај децата.
  • Ова коренесто растение има ниска калорична вредност и не содржи холестерол, но е многу богат извор на голем број есенцијални хранливи материи и витамини, како што се: пиридоксин (витамин Б6) и пантотенска киселина (витамин Б5), кои се клучни за одржување на доброто здравје.
  • Исто така содржи и солидни количини од минералите, како што се: калиум, манган, бакар и магнезиум. Калиумот е важен дел од клеточните и телесните течности и помага во регулацијата на работата на срцето и крвниот притисок.
  • Парчињата од коренот од ѓумбир, зовриени во водад со малку лимонов сок или сок од портокал и мед, е популарен растителен пијалак ајурведската медицина, за олеснување на настинки, кашлици и болно грло.
  • Исто така се користи како основа во голем број ајурведски екстракти, за да ја покрие горчливоста и да го измени вкусот.
  • Гингеролите ја зголемуваат подвижноста на гастроинтестиналниот тракт и имаат аналгетски, седативни, антивоспалителни и антибактериски својства. Научните истражувања покажаа дека може да ги намали мачнините предизвикани од морска болест или бременост и да ги олесни мигрените.

Медицинска употреба:

  • Парчињата од коренот од ѓумбир, зовриени во водад со малку лимонов сок или сок од портокал и мед, е популарен растителен пијалак ајурведската медицина, за олеснување на настинки, кашлици и болно грло.
  • Исто така се користи како основа во голем број ајурведски екстракти, за да ја покрие горчливоста и да го измени вкусот.
  • Гингеролите ја зголемуваат подвижноста на гастроинтестиналниот тракт и имаат аналгетски, седативни, антивоспалителни и антибактериски својства. Научните истражувања покажаа дека може да ги намали мачнините предизвикани од морска болест или бременост и да ги олесни мигрените.

Избор и складирање:

Ѓумбирот може да се одгледува во домашната градина или во саксија, за секогаш да имате свежи корења при рака. Во продавниците, доколку сте во можност, одберете свеж, органски одгледуван ѓумбир наместо сушен, затоа што има подобар квалитет и вкус. Свежите корења треба да бидат тешки, дебели, сочни, со сивкасто-жолта лушпа и да немаат темни делови или мувлија. Во продавниците исто така може да се најдат и сушени и мелени корења, како и корења во прав. Сепак, во нив нивото на есенцијалните масла, како гингеролите, може да е значително намалено. Свежите корења може да се чуваат во фрижидер до еден месец. Мелениот ѓумбир и ѓумбирот во прав треба да се чува во фрижидер, во херметички затворен сад.

Употреба во кујната:

Измијте го свежиот ѓумбир со студена вода од чешма или потопете го во вода неколку минути, за да ги отстраните евентуалните остатоци од песок, земја или пестициди. Свежиот корен има силен и луткаст вкус кој удира на непцата и носот. За да се зачуваат мирисот и вкусот, ѓумбирот обично се додава во последен момент во рецептите, затоа што пролонгираното готвење предизвикува испарување на есенцијалните масла.

Совети за приготвување:

  • Свежиот или сушен ѓумбир, заедно со лук, коријандер, кромид, домати, ким и горчица, е состојка од вкусната кари паста која потоа се додава на најразлични јадења од зеленчук и месо, како и супи и кари.
  • Коренот се користи и за маринирање манго, лимон и момбин (амбара во Индија).
  • Свежите корења може да се користат за приготвување на голем број зачинети грицки, слатки и леб со ѓумбир.
  • Чајот од ѓумбир е популарен пијалак во повеќе азиски земји.

Здравствено предупредување:

Ѓумбирот ја стимулира работата на повеќе жлезди во организмот, вклучително го стимулира и излачувањето на плунката, како и излачувањето и испуштањето на жолчниот сок. Поради тоа, коренот треба да се избегнува од пациенти кои имаат историја со камења во жолчката. Ѓумбирот исто така може да ја зголеми токсичноста на антикоагулантот варфарин, што може да резултира со епизоди на обилно крварење.

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu