Home / Методика на ФЗО / Континуирано усовршување на наставниците по ФЗО/ССА

Континуирано усовршување на наставниците по ФЗО/ССА

za vo tekstВо организација на Факултетот за физичка култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје  и Федерацијата на училишен спорт на Македонија и под покровителство на Владата на Република Македонија, Агенцијата за Млади и спорт на Р. Македонија и Mинистерството за образование и наука – Биро за развој на образованието,  на  5.12.2013 (четврток) во општинското основно училиште “Васил Главинов“ во Велес се организираше семинар на тема ,,КОНТИНУИРАНО УСOВРШУВАЊЕ  НА НАСТАВНИЦИТЕ ПО  ФИЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ И СПОРТ И СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ, ОСНОВА ЗА ПРОФЕСИОНАЛНО НАПРЕДУВАЊЕ“. Семинарот беше организиран за наставниците од следните општини: Гевгелија, Богданци, Кавадарци, Неготино, Куманово, Св. Николе, Демир Капија, Чашка, Лозово, Градско, Росоман, Дојран Валандово, Старо Нагоричане, Липково.

На оваа обука се презентираа практично и теоретски следните области:
1. Атлетика – сложени форми на методско-организиациона работа во наставата, модели на подготовка, планирање и програмирање, можност за усовршување на физичките способности.

2. Одбојка – сложени форми на методско-организиациона работа во наставата,za vo tekst1 модели на подготовка, планирање и програмирање, можност за усовршување на физичките способности.

3. Фудбал – сложени форми на методско-организиациона работа во наставата, модели на подготовка, планирање и програмирање, можност за усовршување на физичките способности.

4. Кошарка – сложени форми на методско-организиациона работа во наставата, модели на подготовка, планирање и програмирање, можност за усовршување на физичките способности.

5. Ракомет- сложени форми на методско-организиациона работа во наставата, модели на подготовка, планирање и програмирање, можност за усовршување на физичките способности.

Покрај ова на семинарот имаше излагање и проф. д-р Александар Туфекџиевски кои воедно е и претседател на Федерацијата на Училишен спорт на Македонија,  за актуелностите во училишниот  спорт и формирањето на училишни спортски клубови.

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu