Home / Спортски настани / Кик бокс и ММА спектакл во Велес

Кик бокс и ММА спектакл во Велес

mma1Во Велес на 23.11.2013 год. (сабота) ќе се одржи турнир во кик боск и мешани боречки  вештини. Организатор и годинава е клубот „Будо“. Се најавуваат  поквалитетни борби споредбено во минатогодишните. „Оваа година турнирот ќе биде поквалитетен затоа штоимаме подобри борци.  Имавме пријавено една девојка,но не успеавме да и најдеме противник.  На турнирот ќе настапат натпреварувачи од Велес ,Тетово ,Гостивар , Охрид Куманово ,Струмица и Скопје“, рече  Раде Стефановски клуб за  боречки вештини „Будо“ На турнирот ќе имаа вкупно осум борби. Шест ќе бидат професонални, по три во категоријата „лоу кик“ и ММА. Останатите две се аматерски  во кои борците ќе носат заштитна опрема. Во пет борби ќе настапат и натпреватувачи од Велес. Велат дека се  добро подготвени и очекуваат победи. „Ќе се натпреварувам во дисциплината Лоу кик. Противникот го знам.  Доаѓа од Охрид. Досега со него не сум имал борба ,но добро сум  подготвен и очекувам победа“, рече  Стојанче Цветковски член на  клубот „Будо“ од Велес
„Јас се натпреварувам во ММА. Противникот ми доаѓа од Гостивар.  Очекувам добра борба и победа“, рече  Славче Петровски член на клубот  „Будо“ од Велес „Лоу кик“ и ММА се две различни боречки вештини ,но борбите во нив  предизвикуваат многу возбуда,напраност,адреналин. „Во дисциплината Лоу кик дозволени се рачни и ножни удари и под појас. Додека во ММА борбите можат да бидат во кафез или во ринг како во  нашиот случај. Со судиите утре ќе ги утврдиме правилата. Дали ќе  има лакти,колена,борба на под и слично“, рече  Стефановски. Парите кои ќе се соберат ќе се донираат во хуманитарни цели за  оперативен зафат на еден наш сограѓанин.

Превземено од  www.lisica.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu