Home / Кондициска подготовка / Иновација за нови тренажни стандард

Иновација за нови тренажни стандард

ffm_logoСо цел подобрување на спортските резултати и перформанси на фудбалерите во младинските репрезентации и фудбалските паралелки на Спортската академија, Фудбалската федерација на Македонија обезбеди опрема од Catapult Sports – London, и тоа комплетната апаратура од програмата Optimeye X4за следење, тестирање и мерење на спортистите – фудбалерите.  Свој осврт за придобивките од употребата на оваа иновативна технологија даде и проф. д-р. Ванчо Поп-Петровски, специјалист по спортска медицина и гимнастика. Во старогрчката и староримската војска,катапултот претставувал справа за фрлање на камења, стрели или копја во воени цели. Две илјади години подоцна, во 20 век, катапултот претставува механичка направа за лансирањена авиони од бродовишто нема палуба за лансирање. Во истиот век, во авијатичарството, под терминот катапулт се подразбира механизам што автоматски го оддвојува пилотот од авионот или космонаутот од вселенскиот брод, а со цел зачувување на неговиот живот при инциденти за време на летањето. Во дваесет и првиот век,терминот катапулт добива уште едно-ново значење: тоа е современ хардвер и софтвер за биомеханичка и функционална анализа на натпреварувачотза време на спортскиот тренажен процес. За прв пат бил применет за време на Олимписките игри во Сиднеј во 2000 година.Овој современ систем за следење на тренинзите се користи во повеќе спортови вклучително и во фудбалот. Фудбалската федерација на Македонијае во тек со современите научни достигнувања за физичките и функционалните оптоварувања на спортистите.

Catapult е современ систем за брзо, неинвазивно, многу информативно квантитативно мерење на интензитетот и волуменот на физичкото оптоварување. Преку овој апарат се мери претрчаното растојание, брзината на трчање, забрзувањето,успорувањето на спортистите и уште многудруги показатели.
Вака оформен овој (спортскиот) катапулт наместо камења, стрели и копја лансира показатели, информации, сознанија со чија помош тренерите создаваат научно засновани модели на тренирање. Овој катапулт не ги исфрла пилотите и космонаутите од леталата,туку лансира нова современа генерација на фудбалски и кондициони тренери.
Катапултот на 21. векне ги исфрла авионите од палубите на бродовите,туку може да ги исфрли клубовите во повисок ранг на натпревари.

Што содржи и како работи Catapult-ot
Накратко, системот Catapult-от содржи: “куфер”, мали апарати–приемници на сигнали, појас за примање на импулсите за срцевата фреквенција, компјутер и софтвер.
“Куферот” има лежишта во кои се поставуват малите апарати-приемници што овозможува полнење на батериите во апаратите додека системот не се користи. Батеријата трае четири и пол часа, а се полни за два и пол часа. Откако,батериите во малите апарати се наполнети, со Catapult “куферот”може да го започнете вашето патување по фудбалските игралишта со цел да ги анализирате тренинзите на фудбалерите.
Апаратите што ги носат фудбалерите имаат димензии колку еден многу мал мобилен телефон, а апартот се носи на задниот дел од `рбетот во посебен елек изработен од текстил. На апаратот не му пречивода (пот,дожд, снег) – услови на игра со кои често се среќаваат фудбалерите. Преку овие апарати се примаат сигналите од движењата на спортистите.
За позиционирање на натпреварувачитеи фудбалското игралиште каде се спроведува испитувањето, Catapult-от користи услуги на Global Positioning System-от (GPS). Со цел да се добијат што поточни податоци од испитувањето, системот Catapult-ot е поврзан со четири сателити кои кружат во орбити над планетата. GPS функционира на отворени спортски терени,но не и во затворени.
Во апаратот се инсталирани и сензори за жироскоп, акцелерометар (мерач на забрзување и успорување на движењето на фудбалерот) и магнетометар. Овие сензори не зависат од GPS системот, поради што нивната примена е овозможена и во затворени спортски терени. Преку овие сензори, како и сопомош наGlobal Positioning System-от,Catapult-от регистрира 10 движења во секунда.
Во системот Catapult-от влегува и појас за примање на импулсите од срцето преку кои се регистрира срцевата фреквенција.
Сите показатели што системот ги мери преку различни постапки се временски синхронизирани и мерат во реално време.
Врз основа на споменатите составни делови системот може да регистрира 110 показатели, а по завршеното оптоварување дополнително може да се добие увид во уште 200. Тоа значи дека вкупно,системот овозможува мерење или проценка на околу 300 показатели.
Подесување на софтверот
Најнапред преку Google maps се внесуваат координатите на двете корнер линии и на средишнаталинија од конкретното фудбалско игралиште.
Потоа, пред да се спроведе мерењето, во софтверот се внесуваат што поголем број на показатели за натпреварувачот. Со цел,испитувањето да биде поточно, важно е да се измерат и внесат максималните вредности на потребните моторички способности на конкретниот фудбалер (брзина на трчање, забрзување и др.). Постојат повеќе од 100 показатели за кои во програмата може да се внесат нивните максимални и минимални вредности.
Доколку се располага со овие индивидуални показатели тогаш испитувањето ќе даде подобри резултати. Доколку пак не сме во можност да ги добиеме ваквите показатели, програмот може да го подесиме со внесување на просечни вредности за слична група испитаници. И во двата случаи треба да се користат мерни инструменти за проценка на моторичките способности со што подобри проверени метриски карактеритики (валидност, објективност, релијабилност, дискриминативност, економичност, информативност, неинвазивност).
Оптоварување Системот Catapult овозможува мерење на квантитетот на оптоварувањето,поконкретно се мерат интензитетот и волуменот на тренирањето. Освен што се мерат многу биомеханички показатели системот го мери и најчесто применуваниот функционален показател во спортот – срцевата фреквенција. На овој начин се добива увид во релациите меѓу физичкото и функционалното оптоварување на спортистот. Постои уште една важна алатка која ја дава системот, а тоа е позиционирањето на спортистот во просторот на кој тренира.
Со помош на срцевата фреквенција се добива увид во кои зони на оптоварување бил спроведен тренингот. На овој начин можно е проценување на оптоварувањето односно дали тоа било пражно (колку што треба), подпражно (помало од посакуваното) или надпражно (поголемо од посакуваното).

Резултати
Системот Catapult-от овозможува тимска и индивидуална опција за анализа за различните показатели. Може да се направат поголем број на различни извештаи. Резултатите се прикажуваат во програмот Excel 10 при што во предколоните се дадени означувањата на спортистите (реден број, име, презиме, код), а во колоните што следат се прикажани иследуваните показатели. Освен во форма на бројчани вредности софтверот нуди можност и за графичко прикажување на показателите. Софтверот дава можност за споредување (прикажување) на показателите од неколку последователни тренинзи. Програмот Excel 10 овозможува примена на статистички постапки за истражувачка работа, а исто така овие податоци можатпонатаму да се пренесат во други статистички софтвери за уште понапредни статистички анализи.

Зачувуање на показателите
Како и за секоја работа со компјутер се препорачува правење на двојнидури и тројниза добиените податоци со некоја од вообичаените постапки (два внатрешни хард диска, надворешен хард диск, Dropbox или др.).

Недостатоци
На Catapult-от му пречи присуството наелектро смог (антени, приемници и предаватели на електрични бранови),односно интеракција со други примачи и пренесувачи на сигнали.Во затворени простори не прима GPS сигнал, но жироскопот, акцелерометрот, магнетометарот, како и системот за регистрација на срцевата фреквенција работат.
За жал,во системот не постои опција за тактичка анализа на натпреварите.

Комбинирање со друга апаратура
Комбинацијата меѓу податоците што ги дава Catapultанализата, како и оние од другите стручњаци во стручниот тим и понатаму остануваат во функција. Сите тие различни приоди треба да бидат во смисла на спроведување подобра тактика и остварување на подобар резултат. Одлично би било да се комбинира со систем за тактичка анализа на натпреварите.
Фудбалска федерација на Македонија и Catapult
Нема дилема дека е за голема пофалба Фудбалската федерација на Македонија, причината, храброста и реализацијата на овој проект (набавката на Catapult) од страна на Фудбалска федерација на Македонија. Понатаму оваа голема придобивка треба добро да се организира и презентира. На тренерите им престои предизвик за понатамошна едукација. Апаратот дава многу информации. Треба да се чита, размислува и добиените сознанија од исцрпната Catapultанализа да се применуваат во пракса. Во тек на работата ќе се искристализираатсознанијата што може да ги даде апаратот, што острото и искусно око на тренерот, а што другите спортски и медицински апарати.

Заклучок
Тренерите не треба дасе вознемируваат – Catapult анализата нема да го замени тренерот. И понатаму во клубовите ќе има тренери. Catapultанализата може да му помогне на тренерот за поуспешно моделирање на микро, мезо и макроциклусите. Овој комплексен апарат ќе создаде повисок квалитет во приодот кон тренинзите – повисоки стандарди. Оттаму, тренерот кој знае да ги користи податоците од Catapultанализата повисоко ќе се вреднува.
Еден мој почитуван колега-доктор има син кој тренира фудбал. Колегата, сега во функција на татко, ми се пожали и ме праша за совет: “Три многу напорни тренинзи за 24 часа со деца од 13 години – дали тоа е во ред”?Јас слегнав со рамениците и одговорив: “Немаме повратни информации какви се оптоварувањата. Постои реална опасност од предозирање”. Вознемирен, тој ист татко му рекол на сопствениот бистар син: “Забошотувајна тренинг-чувај го здравјето и здравиот разум.” Разбирлива е грижата на таткото за здравјето на своето дете. Catapultанализата токму тука може да помогне – во контрола на тренажните оптоварувања и подобрување на здравствените и спортките способности на фудбалерите. Сметам дека Catapultсистемот може успешно да допринесе во дозирањењто на оптоварувањата. Би требало да сме побезбедни сите: фудбалерите, родителите, тренерите, докторите, клубовите.

Што е тоа фудбал? Веројатно повеќе нешта: весела безгрижна детска игра; сериозна, напорна, неизвесна професија; а сигурно и дел од науката за физичките активности. Catapult анализата ќе допринесе да се заменат нестручните предпоставки и нагаѓања со современи научни сознанија. Фудбалот се повеќе има потреба од научно заснована методика. Потребна е научна проценка на тренажниот процес. Тоа системот Catapult го овозможува – тој Ве катапултира кон подетален научен приод во фудбалот.

Извор: http://ffm.mk/inovacija-za-novi-trenazni-standardi

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu