Home / Исхрана на спортистите / Индиски или благ компир

Индиски или благ компир

sweetpotatoОд неодамна на пазарот во Република Македонија се појави и оваа  намирница која во светот не е некоја голема новост. Благиот компир навидум е како обичниот, но кога ќе го пресечете ќе забележите дека има порокалова боја.
По мирисот и вкусот многу потсетува на тиква. Тој е идеална храна за човекот затоа што обилува со влакна, витамин А, Б6, Ц, бета каротен. Тој е голем извор на јаглехидрати, а има незначителна количина на масти. Се препорачува на оние кои сакаат да се ослободат од вишокот на килограми. Постојат  многу начини како да се подготви благиот компир. Варен, да направите пире од компир, вкусни пити со благ компир или пак  сок од благ компир.
Но сепак индискиот или благиот компир не е премногу застапен на нашата трпеза, но овие неколку причини ќе ви покажат зошто треба да го внесете во вашето мени на исхрана.
Овој компир масовно се одгледува во Америка, Африка, Азија, а во последно време е доста застапен и на нашиот континент.Нема воопшто да погрешите ако обичниот компир го замените со благиот, а во тоа ќе ви докажат и овие причини:

Голем извор на витамини
Благиот компир е извор на витамини и тој ги содржи витаминот Б6, голема количина на витаминот Ц и витаминот Д. Со негова редовна консумација ги спречувате настинките и вирусите, а и вашиот организам побргу се справува со болестите. Освен тоа, благиот компир го редуцира стресот и го брани организмот од токсини кои можат да бидат поврзани со настанокот на ракот.

Содржи магнезиум и калиум
Еден од најсилните антистрес минерали е токму pechen-sladok-kompirмагнезиумот, кој можете да го пронајдете во благиот компир. Овој минерал е неопходен на нашиот организам за здрави артерии, коски, срце, мускули и нерви.
Калиумот кој се наоѓа во овој зеленчук го регулира отчукувањето на срцето, но и нервниот систем. Освен тоа, калиумот помага при бубрежните заболувања, опуштање на мускулната маса и намалување на отоци.

Огромно количество на бета-каротен
Благиот компир е со изразена портокалова боја и според тоа јасно е дека содржи количество на бета-каротен. На тој начин, овој зеленчук помага при одржување на видот, го зајакнува имунитетот и содржи силен антиоксиданс кој не заштитува од канцерогени заболувања.

Го контролира на шеќерот во крвта
Иако содржат јаглехидрати, благите компири помагаат во регулирање на шеќер во крвта. Тие се богати со влакна, што значи го забавуваат испуштањето на гликоза во крвта и помагаат во регулирање на шеќерите.
Благиот компир е доста корисен во кулинарството и може да го приготвувате на различни начини. Печете го во рерна, на скара, направете пире, може да го користите во супи или чорби или додадете го во вашиот утрински шејк.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu