Home / Методика на ФЗО / Индивидуалните vs Колективните спортови

Индивидуалните vs Колективните спортови

Децата и младите треба да се воведуваат и да во целост се охрабруваат за вклучување во спортски активности кои нудат  здрав живот од најраното детство, бидејќи занимавањето со кинезиолошки активности  не само што го подобрува здравјето туку ги учи децата и младите на тимска работа и дисциплина.  Децата и младите едноставно ги сакаат  спортовите  и физичка активност и во тој свет треба  да ги веведувате уште од најраното детство, но треба да знаете да го изберете вистинскиот. Некои видови  на спортови не им лежат на децата и на нивниот карактер. Ако не знаете како да процените дали вашето дете е за тимски спорт или индивидуален следете ги нашите инструкции и мислења кои може да Ви помогнат.
Колективни спортови
Она што мораме да го нагласиме, кога се во прашање колективните спортови е тоа дека се тие одлични за малите деца бидејќи кај нив ги развиваат вештините за соработка, почитување и дисциплина. Ако сакате вашето дете да се занимава со колективен  спорт, обидете се да најдете програми прилагодени на предшколска возраст, а кои не вклучуваат натпревари.
Колективните спортови се добри за предшколска возраст, бидејќи покрај тоа што ги развиваат моторичките способности и координацијата на движењата, тие го поттикнуваат и психичкиот развој на децата, дисциплината, заедничката работа и меѓусебното почитување, што на децата ќе им биде од големо значење во животот.
Индивидуални спортови
Како и колективните и индивидуалните спортови се како создадени за децата од предшколска возраст. Гимнастиката е секогаш популарна бидејќи децата работат во групи и ги подобруваат индивидуалните вештини. Спортската гимнастиката е одлична  за флексибилност, јакнење на мускулите и одржување на рамнотежа. Родителите  кои своите деца ги вклучиле во тренажен процес од спортска гимнастика од најраното детство, имаат само пофални зборови. Таа ќе ги поттикне деца и младите да ги испитуваат границите на сопствената издржливост и да не се плашат да испробуваат нови активности и дејства  од најрана возраст.
Боречките вештини се исто така одлични за деца од предшколска возраст, бидејќи ќе научат како да го контролираат сопствениот бес и ќе научат дека нивните екстремитети се исто така оружје кое може некого да повреди. Боречките вештини ќе ги научат на самоконтрола, дисциплина, а ќе им донесат и одредена доза на самодоверба, колку што тоа е можно на нивна возраст.
Пред да ги вклучите  децата во некој спорт, информирајте се  дали постои можност да ги посетите неколку пати тренинзите , за да детето да се запознае со спортот и со работата на тренерот, пред да го вклучите во таа кинезиолошка активност. Ако на детето не му лежи баш најдобро тоа што сте го избрале, побарајте нешто друго што ќе му оди подобро. Доколку вашето дете не е талентирано и доколку нема желба да се занимава посериозно со некој спорт, оставете го да тренира се додека му е забавно.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu