Home / Видео / Илиноис тест – проценка на агилност, брзина, координација

Илиноис тест – проценка на агилност, брзина, координација

illinoisАгилноста, брзината, координацијата се психо-моторни способности карактеристични за кинезиолошката едукација и за кој  се одвојува големо време во тренажниот процес.  Еден од најупотребуваните тестови за проценка на агилноста е Илиноис тестот (Illinois Agility Test – Getchell, 1979), овој тест е дизајниран да ја процени  способноста  за забрзување и за брзо свртување под различен агол и во различна насока.Тој е лесен и едноставен за изведба, не е потребно многу опрема,  треба да се одбере соодветна подлога (атлетска патека, рамна тревната подлога, паркет) соодветни обувки за да избегнете нестабилност и лизгање при остр ите завои.

Изведба на тестот

  • 4 конуси (крајни) се поставуваат за да ограничат поле во форма на правоаголник со должина 10 метри а ширина 5 метри
  • 4 конуси (внатрешни) се поставуваат по должина на централната линија на правоаголното поле на еднаква оддалеченост помеѓу себе од 3,3 метри.
  • Определете кој од страничните крајни конуси ќе биде пункт за старт на тестот
  • Стартот се изведува кога од надворешната страна на стартниот конус испитаникот легнува во позиција за склек со главата паралелно поставена со стартниот конус.
  • На даден сигнал, со максимални усилија ја поминува рутата за што пократко време
  • Тестот се изведува 3 пати со пауза помеѓу изведбата од 3-4 минути,  на крајот се зема најдобриот резултат.
  • Тестот можете да го сретнете со мали модификации во стартната позиција на испитаникот (низок или висок старт) наместо завивање околу крајните конуси тие само се допираат, или во помала раздалеченост помеѓу внатрешните конуси итн.

Целта на тестот:  за најкратко можно време да ја поминете рутата која е со строго одредена шема на свртувања и при тоа да избегнете контакт со конусите. 

Потребни реквизити: штоперка, 8 конуси, метро за мерење должина

Табела за споредба на резултати:

Пол             Одлично    Над просечно        Просечно      Под просечно       Слабо
Машки      <15.2 сек     15.2 – 16.1 сек    16.2 – 18.1 сек    18.2 – 19.3 сек      >19.3 сек
Женски     <17.0 сек     17.0 – 17.9 сек    18.0 – 21.7 сек    21.8 – 23.0 сек      >23.0 сек

 

 

 

 

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*