Home / Престој во природа / Ориентација во природа / Извидниците од Велес трети на ДИОН 2017

Извидниците од Велес трети на ДИОН 2017

Во организација на Сојуз на извидници на Македонија, се организираше државниот извиднички орентационен натпревар – ДИОН кој се одржа од 13 15 октомври на Средно Водно. На овогодинешниот ДИОН учество земаа 19 екипи и над 150 извиднци од цела Македонија. Акцијата содржеше активности од областа на ориентацијата, топографијата и првата помош. Ова последно X коло од извидничката лига беше последно и со тоа заврши по прв пат организираната извидничката лига во Република Македонија, па по тој повод беа прогласени и најдобрите извидници во сите категории. Натпреварувачкиот дел беше најсложен досега затоа што беше составен од активности од сите акции досега во лигата. Натпреварувањата се одржаа во 3 категории и тоа:
• Извидници (12-15 години) – 13 екипи
• Истражувачи (16-18 години) – 4 екипи
• Ровери (19-24 години) – 2 екипи
Во категоријата извидници третото место освои екипата од ИО “Гоце Делечев“ од Св. Николе, второт место го освои екипата од Прв Скопски Извиднички Одред, додека првото место го освои екипа од ИПО “Јадран“ од Скопје.
Во категоријата истражувачи третот место освои екипата Чичко Врап од ИО “Димитар Влахов“ од Велес, 2второт место освои екипата Каменковци од ИО “Браќа Миладиновци“ од Скопје, додека првото место го освои екипата од ИПО “Јадран“ од Скопје.
Во категоријата ровери првото место го освои мешана екипа составена од извидници од ИЕО “Пионер“ и ИО “Браќа Миладиновци“, додека второто место го освои екипа од ИПО “Јадран“ од Скопје.
Со ДИОН се заокружи последнот коло од Извидничката лига 2017 кој беше успешно организиран од страна на Сојузот на Извидници на Македонија, а на севкупните победниците им го честитаме успехот.

Трајче Темелковски / Благој Ѓорѓиев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu