Home / Престој во природа / Логорување во природа / Извидниците од Велес пловеа на Вардарска регата “Гемиџии“ 2017

Извидниците од Велес пловеа на Вардарска регата “Гемиџии“ 2017

Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес од 29.6.2017 год. (четврток) со три посади на извидници стартуваше на Вардарската регата “Гемиџии“ 2017. На овогодинешното 19-то издание учество земаа 40-тина учесници кои  ја продолжуваат традицијата и  ја оживуваат старата трговска размена која во минатото се одвивала преку гемии. Водниот пат долг 146 километри го поминаа во четири етапи и на целта пристигнаа во недела на 2 јули. Традиционално како секоја година пред стартот на регатата, делегација на одредот положи свежи цвеќе на споменикот подигнат во чест на Гемиџиите кај Мало мовче. Вардарската регата ја пренесува приказната на велешките трговци од времето кога за Велес со почит се зборувало во Влашко и Солунско, кога се внесувал духот на европските цивилизациски достигнувања.Гемијата е цврсто врзана и со револуционерите што трајно ја обележија македонската борба за слобода и самобитност, Гемиџиите.

Со учеството на XIX Вардарска регата “Гемиџии 2017“ под многу тешки временски услови (високи температури) како организација повторно докажавме дека сме спремни да реализираме активности на вода. Во рамките на учесниците треба да нагласиме дека најмладиот учесник беше Иван Гушев, а и единствената девојка учесник на регатата беше преставникот  од извидничкиот одред “Димитар Влахов“ –  Велес, Сара Нунеска.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu