Home / Престој во природа / Логорување во природа / Извидниците од Велес запловија на XIX Вардарска регата “Гемиџии“

Извидниците од Велес запловија на XIX Вардарска регата “Гемиџии“

Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес денес 29.6.2017 год. (четврток)со три посади или 20 извидници стартуваше на Вардарската регата „Гемиџии“ 2017. На овогодинешното 19-то издание учество земаа 60-тина учесници  кои ќе ја продолжуваат традицијата и ќе ја оживеат старата трговска размена која во минатото се одвивала  преку гемии. Водниот пат долг 146 километри ќе го поминат во четири етапи  и на целта ќе се пристигне во недела на 2 јули. На патеката извршена е контрола и очекуваат  безбедно да пристигнат на целта во Гевгелија. Во наредните денови се очекува да се зголеми бројот  на учесници. Традиционално како секоја година пред стартот на регатата, делегации положија свежи цвеќе на споменикот подигнат во чест на Гемиџиите кај Мало мовче. Вардарската регата ја пренесува приказната на велешките трговци  од времето кога за Велес со почит се зборувало во Влашко и Солунско, кога се внесувал овде духот на европските цивилизациски достигнувања. Но гемијата е цврсто врзана и со револуционерите што трајно ја обележија македонската борба за слобода и самобитност, Гемиџиите.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu