Home / Престој во природа / Ориентација во природа / Извидниците од Велес втори во Македонија

Извидниците од Велес втори во Македонија

Сојузот на извидници на Македонија и извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес како домаќин во периодот од 17-19.10.2014 год. во извидничкиот центар “Голозинци“ го организираа овогодинешниот Државен Извиднички Ориентационен Натпревар – ДИОН 2014. На ДИОН Голозинци 2014 учество земаа стотина извидници од Велес, Скопје, Кичево, Охрид и се натпреваруваа во две категорои РИОН за постари извидници и РАПИ за помлади извидници. Постарите извидници во рамките на РИОН (Републички Извиднички Ориентационен Натпревар) се натпреваруваа во областа на ориeнтацијата и топографијата на непознат терен, прва помош, сигнализација и тестови од повеќе области. Додека пак помладите извидници во рамките на РАПИ (Републичка Акција за Помлади Извидници) се натпреваруваа во областа на основното ориентирање преку патни знаци, прва помош, пионерство, игри, полигон на спретност. На ДИОН Голозинци 2014 во Генерален пласман први беа извидниците од ИПО “Јадран“. Екипата на постари извидници од извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес го освои второт место, а додека екипата на помлади извидници го освои шестото место. Со организирањето на Државен Извиднички Ориентационен Натпревар – ДИОН Голозинци 2014, извидничкиот одред “Димитар Влахов“ се покажа како добар организитор на ваков вид на државни извиднички првенства, а исти такви се одржувале и на терените на езерото Младост и Велес во село Ораовдол и Јасеново. Патролите на велешкот градски одред се задоволни со постигнувањето на резултатите во рамките на ДИОН Голозинци 2014, а со тоа и понатуму се докажува квалитетната работа на велешкиот извиднички одред кои е и нај стар во Република Македонија со 62 годишна традиција

DSC_0756 DSC_0759

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu