Home / Методика на ФЗО / Играта во природа е магична и незаменлива (втор дел)

Играта во природа е магична и незаменлива (втор дел)

… продолжение од предходната статија “Играта во природа е магична и незаменлива“

11. Играта во природа го зголемува речникот
Додека децата играат надвор, децата се во можност да видат шумска јагода, верверичка, облаци подготвени за врнење, да видат пагање на снег. Кога ќе се сретнат со тие поими, нивниот речник е веќе проширен на начин кои не би можел да се прошири доколку биле во затворена просторија.

12. Играта во природа ја подобрува способноста за слушање
Додека децата преговараат за правилата на замислените игри за играње, тие мораат да добро се сослушаат помеѓу себе, меѓусебе поставуват прашања, меѓусебе се објаснуваат и разработуваат детали како би ја реализирале играта која ја концепираат. Ова не би можеле да го направат во целост доколку се во затворен простор.


13. Играта во природа ја подобрува комуникацијата
Не се јасни правилата на замислената игра ? Не се сигурни како да се качат на дрво или да направат замислена кукичка за играње ? Децата мораат да научат да се испрашуваат и размислуваат како би се разбрале, за да би  објасниле се она што треба и другите да разберат.

14. Играта во природа ја поттикнува соработката
Тогаш кога не им е јасно поставено кој победува, а кој губи, децата заеднички работата за да ја постигнат целта. Може и заедно да го поминат полигонот со препреки кои ги направиле, или пак ќе направат куќичка за птици. Тие заедно прават компромиси и заедно работат се со цел за да ја постигнат саканата цел.


15. Времето поминато во природа помага да децата применуваат шаблони.
Природата е преполна со шаблони. Градбата на цветот, брзото трчање на зајакот, синџирот на исхрана,  градбата на гнездо и многу други активности – тоа се шаблони. Идентификувањето на шаблоните и нивното разбирање се клучни способости за почетоците на изучувањето на математиката.

16. Играта во природа им помага на децата да ги согледаат сличностите и разликите.
Способноста да ги сортираат предметите и да ги утврдат сличностите и разликите помеѓу нив исто така е важна особина за успех во совладувањето на математиката. Времето поминато во природа дава бројни можности за сортирање на голем број на појави и предмети.

17. Времето поминатао во природа го подобрува имунолошкиот систем на децата.
Здравите деца се подобри ученици и подобро го совладуваат наставниот план и  програма. Кога децата поминуваат поголем дел од денот во природа, нивниот имунолошки сиистем се јакне , а со тоа децата помалку одсуствуваат од училиште.


18. Играта во природа го зголемува нивото на физичка активност
Децата кои играат во природа имаат поголема веројатност да не бидат со зголемена телесна тежина и има поголема веројатност да бидат активни ученици. Децата кои играат надвор после училиште се подготвени и се со зголемена концентација за учење во училница.

19. Времето поминато во природа ја зголемува истрајноста
Игрите во природа честопати бараа истрајност. Децата мораат постојано да испробаат нешто ново за да би можеле да го совладаат експериментот. Ако не успеат да донесат доволно гранки за покривање на кукичката за играње, или ако не донесат доволно сено за да постелат во кукичката, тие ќе мораат да пробаат се додека не успеат.

20. Играта во природа  забавна
Среќните деца, се и успешни ученици. Децата во природата се среќни кога се движат, играат и создават надвор. Задоволството ги одалечува од општествените проблеми,  но им отвара нови полиња за експериментирање, учење, развивање и забава.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu