Home / Колективни спортови / Зона на одбрана 2-3 во кошарка

Зона на одбрана 2-3 во кошарка

2_3-%d0%b7%d0%be%d0%bd%d0%b0Кога во кошарката се споменува зона обично прво ми доаѓа на ум зона одбрана 2-3.  Ова е најчест и најдобар вид на зона. На тренерите им се допаѓа затоа што таа им дава сигурност,  а тоа е токму поради тоа што е лесно изводлива ( но, дали ?) ,  а играчите е лесно да се воведат во идејата.  Таа често се користи како елемент на изненадување, а таа е дел од многу комбинирана одбрана  (кога тимот за време од 24 секунди ќе промени повеќе дефанзивни поставувања). Според дефиниција зоната 2-3 е парна одбрана во две линии.  Парноста се одредува врз основа на бројот на играчи во првата линија, а бројот на линии се гледа  во самото име на зоната.Тоа е многу важно, затоа што повторно по теорија парните одбрани  добро ја браната страната, но пак имаат проблеми со фронталните напади.
Во пракса воопшто не мора да биде така, дури и веќе не е.  Многу е логично тренерите повеќе да се трудат да го унапредат она што според литератураа е слабост,  а со тоа ќе ја унапредат нивната стратегија. Првата реакција на оваа зона е некој пас,  после основното поставување, а со тоа се докажува теоријата дека многу  влијанија кои тренерите ги дозволуваат.

Што брани зоната 2:3
Ова повторно е поврзано со идејата на тренерот. Заради фактот што центарот има помош од двете страни и крилото и крилните центри се во иста линија со центарот, а основната идеја е одбрана на рекетот . Само по себе проблем е одбраната од шутирањето однадвор, било челно или фронтално. Тука до израз доаѓа типската подвижност на целата одбрана. Значајно е да кога противникот тргне да ја дистрибуира топката околу периметарот, да се изврши притисок на топката и на страната каде што сенаоѓа топката да се појави поголема концентрација на играчи.Тогаш повторно се појавува проблем од создавањето на вишок на другата страна, која мора да ја покрие играч задолжен за тоа (кога се слуша за некого дека е играч со задача, тое е еден класичен пример). Поврзано со одбраната на рекетот, централна фигура е доминантната петка чија задача е да ги запре сите оние кои го напаѓаат рекетот фронтално, било преку продор или позиционо напаѓање со висок/низок пост. Ако топката се дистрибуира преку периметарот , тој мора да биде од онаа страна на кошот на која е и самата топка, или ја прати промената и ширината на нападот. Недостаток на ваков вид на центар е слабата подвижност , конкретно спориот старт. Затоа тука се играчите на позициите три и четири, кои ја бранат левата и десната страна на приоѓање кон рекетот и тоа најчесто од “backdoor“ пасови.  Најтешко е да се биде на спротивната страна од онаа каде е топката. Ако playmaker успее да ја испрати на спротивната страна, тоа обично се користи за максимален притисок кон кошот . Ако остатокот на тимот тоа не го прати до реализација, доага до индивидуална дефанзивна карактеристика.23

Контранапад! Брзата транзиција на топката, особено ако се шутира од нејзе од полудистанца е смрт за секоја зона, а за оваа зона 2:3 во целост. Зошто ? Ако основата на некоја одбрана е тимска игра кога ги немате сите пет играчи распоредени на предвидените позиции, тогаш се појавуваат големи дупки. Во овој случај тие дупки најчесто се на надворешните позиции, па транзициониот шут е отворен. Поради се ова никој (или многу ретко кој) ќе проба да контранападот го брани со зона. Исто така проблеми може да направи и истурен пост играч, ако тој истот поседува добар шут. Добар пример на зона 2.3 даваше Партизан каде што Душко Вујошевиќ го користеше Вранеш како централна фигура , а додека пак во НБА тоа добро се одработува во Орландо со Dwightom Hovard. Многу интересно е кај овој пример како ги бранат шутирањата од аглите, поради сериозната подвижност на нивните центри.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu