Home / Колективни спортови / Зона на одбрана во ракомет – 6:0

Зона на одбрана во ракомет – 6:0

rakomet_6_0Со анализа на екипите,  освојувачи на Лигата на шампиони дојдено е до заклучок дека сите победници на ЛШ во својата сезона играле со најдобрата одбрана 6 – 0, а воедно и  примиле најмалку “лесни голови“ поради корестењето на оваа зонска одбрана. Почитувајќи ги аксиомите дека одбраната го  добива натпреварот, мора да се пронајде некој модел на одбрана која ќе Ве одвојува од другите од кокуренцијата, затоа што мора да се носите  со екипи кои имаат многу други мерливи параметри и се разликуваат од вас (финасиско – организациона поставка, искуство, организација).
Основните сегменти на 6-0 одбраната која што се промовира  е нејзината густина (создавајќи играч повеќе на страната од каде што се наоѓа топката) нејзината цврстина (издржливост во дуелите – каде има повеќе фаули), првата акција на одбрамбениот играч во однос на напаѓачите и големото влијание и позитивен придонес  и значење на крајните играчи во одбраната.
Тактички во нападот на  6-0 , многу значајна е играта на пивотменот , а кај врвните екипи и репрезентации на тоа место обично се наоѓаат најдобрите и врвни играчи. Па затоа мора посебно да се обрне внимание како да се промени противничката тактика на нападот на  6-0 , нарушувајќи  го притоа вообичаното движење и поставување на пивотменот.
Суштината на идејата е во тоа што кога екипата која што ја напаѓа нашата одбрана 6-0, одбраната да не би можела по автоматизам да напаѓа веќе подготвен напад од  тренинг  или напад подготвен за натпревари со други  противници. Со ова ќе успеваме да постигнеме  психолошка нестабилност кај противникот во текот на целото време на натпреварот.
Во рамките на обуката на одбраната 6-0 треба во континуите да се работат вежби како што се: одбрана, контра, реконта со запирање, корекција на густината на одбраната, агресивност при прием на топка од играч, први движења на одбрамбени играчи, работа на пивотмен, одвлекување, напад поради вкрстување, промена на среден и лев бек, втрчување на крила. Покрај ова треба редовно да се практикуваат и вежби за чување на центрите.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu