Home / Кондициска подготовка / Зајакнување на стомачната мускулатура

Зајакнување на стомачната мускулатура

FitnessСтомачните мускули сигурно се најпопуларниот дел од телото, кај секој што се бави со  физички тренинг. За зајакнување и оформување на овој дел од телото нудиме определен систем на тренинг кои е опишан во долниот дел од текстот. Но за добра стомачна мускулатура Ви го препорачувам  методот DCBA кој гласи : Диетата на прво место, кардио вежбите на второ, зацврстувањето на мускулите на трето и вежбите за стомачни мускули на последно место. Следете го и безбедно ќе губите по 0,5 до 1 килограм неделно. Издвојте си 60 минути од денот за приготвување на поздрави оброци. Вежбајте кардио по 20 минути дневно, три до пет пати седмично. Тренирајте за сила по 15 минути дневно, три пати неделно. И за крај, правете вежби за стомачни мускули по 5 минути дневно, три пати неделно“ – (Мајат Марфи, “ The Body You Want in the Time You Have“).
За зајакнување на стомачната мускулатура ви преставувам систем кој е направен така да најпрвин се работат долните стомачни мускули, а потоа горните и завршува со бочната страна од вашиот среден дел од телото. Најпрвин се тренираат долните стомачни мускули бидејќи тие се најслабиот дел од телото кај повеќето луѓе. Повеќето повторувања не се потребни и подобри, затоа немојте во првите тренинзи да претерувате со серии и повторувања.

Вежба

Серии

Повторувања

Ножички

2

10 – 15

Стомачни превиткувања

2

10 – 15

Странично подигнување на нозете и торзото

2

10 – 15

Овие вежби се направени специјално да дејствуваат на абдоменалниот дел. Може да ги практикува секој кој редовно вежба, без разлика дали е машко или женско. За овие вежби нема некои посебни побарувања, само треба правилно да се изведуваат.

Програма за вежбање:
Правете ги овие вежби секој втор ден, најмалку две недели, а потоа може да се префрлите на следното ниво вежби од овој тип што ќе бидат покажани во следната статија.

Како функционираат вежбите:
Правењето аеробни вежби на вашите абдоменални мускули подолго од 7 минути ги стимулира капиларите во оваа област. Ова го зголемува протокот на крвта. Поголем проток на крв значи и поголем проток на кислород, а мастите се топат само во присуство на кислород. На тонираните мускули им требаат повеќе калории за да останат активни. Нашиот организам има тенденција да ги ослободува овие калории од областа што е блиску до активните мускули, па така се согоруваат мастите во таа област.

Како да ги изведувате овие вежби:
Вежбите се направени така да делуваат на абдоменалната област „аеробно“. Доколку ги изведувате веднаш по аеробни вежби (на пример трчање, пливање…) ќе го подобрат позитивниот ефект. Пратете ги инструкциите за да ги изведувате вежбите правилно и внимавајте на дишењето, треба да дишете правилно и само така ќе успеете да ги постигнете најдобрите можни резултати.

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu