Home / Спортски настани / Започна реконструкцијата на Градскиот стадион

Започна реконструкцијата на Градскиот стадион

cadiБулдожерите на градежната фирма „Изгрев“ влегоа во градскиот стадион. Објектот веќе личи на градилиште. За 40 дена тој треба да доби нов лик. Најголемиот зафат ќе се прави на фудбалскиот терен. Комплетно ќе биде заменета тревата, со нова вештачка, која е донација од Фудбалската федерација на Македонија и чини 200 000 евра. Општината ќе издвои уште 80 000 за градежни работи околу теренот. „Вештачка трева ќе се постават во неколку стадиони низ Македонија ,но оваа во Велес ќе биде една од најдобрите со многу висок втор степен на квалитет и очекуваме целиот објект да добие еден нов изглед. Реконструкцијата на стадионот започна порано од предвиденот и тоа е навистина добро“, рече Славчо Чадиев градоначлник на опшптина Велес. Во првата фаза од реконструкцијата ќе се направи трибината од страната на соблекувалната и оградниот ѕид околу објектот, кој со години се руши и претставува опасност за минувачите. Изградбата на стадионот е добра работа, но неговото одржување, допрва треба да се испланира. Според Чадиев јавно-приватно партнерство е една од можните опции за објектот да биде во добра кондиција. „Ние ќе изготвиме идејно решение и ќе знаеме како ќе изгледа објектот и потоа ќе одиме на таа опција да го издадеме преку јавно приватно партнерство и ќе го понудиме на оглас на кој приватните бизнисмени ќе можат да го земат под концесија“, рече Чадиев. Се додека не заврпшат градежните работи фудбалските екипи од Велес ќе го косистат помошното фудбалско игралиште во Градскиот парк.

Превземено од: https://www.facebook.com/pages/Општина-Велес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu