Home / Колективни спортови / Футсал/Фудбал / Едукативен состанок за тренери во Велес

Едукативен состанок за тренери во Велес

ippСелекторот на А репрезентацијата на Македонија, Бошко Ѓуровски заедно со координаторот на младинските селекции, Зоран Стратев и грасруд координаторот, Бојан Марковски го реализираа првиот од серијата едукативни семинари за тренери во фудбалските региони низ државата. На едукативниот состанок во Велес кој се одржа на 24.1.2014  ја презентираа Националната стратегија за развој на младинскиот фудбал, новитетите кои Фудбалската федерација на Македонија ги имплементира во пионерските и младинските категории, а главниот фокус во презентацијата на селекторот на нашата најдобра репрезентација, Бошко Ѓуровски беше програмата за работа на екипите во фаза на подготовки. Селекторот Ѓуровски теоретски пред триесеттината тренери кои присуствуваа на предавањата го образложи тренингот кои потоа и практично го одработи со екипата од Велес. Зоран Стратев ја претстави националната стратегија на ФФМ за развој на младинскиот фудбал и новите правила во младите категории кои ќе се имплементираат практично започнувајќи од оваа полусезона. Новите правила (скратен корнер – трет корнер) ги образложи координаторот на грасруд активностите, Бојан Марковски.

тренингСелекторот на македонската фудбалска репрезентација Бошко Ѓуровски и тим од ФФМ воедно во Велес одржаа еден тактички тренинг. Целта е развој на фудбалот, а акцентот беше ставен на младите категории. Тактички тренинг денеска со селекторот одржаа фудбалерите на Борец. На помошното фудбалско игралиште ги работеа по негови насоки ,спроедувајки ја неговата фудбалска флозофија. Ѓуровски вели дека клучно за разојот на фудбалот е работата со младите категории. За тие да напредуваат потребно е да се направи добра инфраструктура ,помошни терени и опрема ,но како предуслов го посочи финансирањето. „Потребно е да се вложува во спортот. Пред се во инфраструктурата. Нашите играчи играат на многу лоши терени. Потребна е опрема помагала и сите останати пропратни елементи. Кога тоа ќе им го овозможиме јас не се сомневам дека ќе направиме играчи како што имавме и порано„вели Бошко Ѓуровски селектор на македонската фудбалска репрезентација.

превземено од: www.ffm-mk.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu