Home / СУС Велес / Државно првенство во карате во организација на ФУСМ

Државно првенство во карате во организација на ФУСМ

градонацалникНа 6.12.2013 год. (петок) во организација на општинскиот сојуз на училишен спорт и Федерацијата за училишен спорт беше отворено државното првенство во карате. На првенството учество зедоа 208 ученици од основните и средните училишта во државата. Според таткото на градот поддршката на ова првенство е уште една потврда за континуираната стратегија која Општина Битола ја дава на училишниот и професионалниот спорт
„ Воодушевен сум од ова што го гледам. Имаме учесници од најмала возраст – прво одделение до четврта година. Државното првенство во карате се одржува благодарение на Федерацијата на училишен спорт и сојузот на спортови на општина Битола. Како општина максимално го поддржуваме училишниот спорт, а последниве неколку години и професионалниот спорт за што реално имаме видливи резултати. Честа и задоволството се навистина големи затоа што ова се одржува токму во Битола. Имаме претставници од најголемиот број општини од Република Македонија. Секое дете настапува во името на своето училиште, имаме судии со високо реноме, така што убеден сум во објективноста. Нека победи најдобриот.” изјави Владимир Талески градоначалник на Општина Битола. Битола секогаш била отворен град за соработка.Спортистите кои доаѓале во Битола, сакале повторно да се вратат.
„Битола е сериозно организирана во сверата на училишниот спорт. Имаме општинска организација, има училишни спортски клубови каде што стратегијата која е поддржана од владата и училишниот спорт е вметнат како стратешки сегмент” изјави Александар Туфукчиевски претседател на федерацијата на училишен спорт во Македонија
Целта е каратето и кати да се што помасовно посетени од учениците. „Во последните години откако почнавме да работиме со градоначалникот одиме во нагорна линија. Почнавме со четири до пет дисциплини сега стигнавме до седумнаесет дисциплини во лига систем” изјави Трајче Ираковски -Сојуз на училишен спорт. По ова првенство очекувањата се изборот на малдите во иднина да се насочи повеќе кон овие две спортски дисциплини.

превземено од: grid.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu