Федерацијата на училишен спорт на Македонија на 05.05.2017 год. (петок) во Скопје, на терените на градскиот стадион – Телеком Арена го организираше Државното првенство во атлетика за средни училишта. На ова државно првенство учество земаа над 140 натпреварувачи од десетина градови од Република Македонија. Државното првенство беше отворено од страна на директорот на Агенцијата за млади и спорт, г-дин Маријан Спасески, а учеснците предходно беа поздравени од претседателот на атлетската федерација и претседалот на Федерацијата на училишен спорт, проф. д-р Александар Туфекџиевски. Во рамките на ова државно првенство учество земаа и двајца ученици од ССОУ “Коле Неделковски“ од Велес и тоа Енис Небиовски и Дарко Илиевски кои се натпреваруваа во две дисциплини и тоа во трките на 100 метри и фрлање на ѓуле. Во дисциплината фрлање на ѓуле Енис Небиовски го освои петтото место со фрлени 8.94 метри, а Дарко Илиевски седмото место со фрлени 7.56 метри од пријавени 16 учесници. Додека во дисциплината 100 метри Дарко Илиевски го освои 8 место, а Енис Небиовски го освои 14 место од пријавени 26 учесници. Учениците од ССОУ “Коле Неделковски“ беа менторски водени од м-р Ангелче Гушев професор по спорт и спортски активности при училиштето.