Home / Индивидуални спортови / Атлетика / Десетобојот и тркачките дисциплини во атлетиката

Десетобојот и тркачките дисциплини во атлетиката

Atletika1Десетобојот (наречен и декатлон) е атлетски повеќебој (десет дисциплини) за мажи воведен како атлетичка дисциплина во 1884 година во САД. На распоредот на Олимписките игри десетобојот првпат се најде во Стокхолм 1912. Натпреварувањето во десетобојот се одржува два дена по следниов  распоред:
Прв ден: 100 м, скок во далечина, фрлање ѓуле, скок во височина, 400 м.
Втор ден: 110 м со пречки, фрлање диск, скок со стап, фрлање копје, 1500 м.

Тркачките дисциплини во атлетиката се одвиваат на патека околу фудбалско игралиште со должина од 400 метри.

Тркачките дисциплини се содржани во:

– Спринтови: дисциплините од 100 метри, 200 метри и 400 метри.
– Трки на средни далечини: од 800 до 1.500 метри.
– Трки на големи далечини: повеќе од 3.000 метри.
– Трки со пречки: 100 метри за жени, 110 метри за мажи, 200 метри мажи и жени, 400 метри за мажи и жени и 3.000 метри.
– Штафети: Најчесто се трчаат штафети на 4х100 и 4х400 метри со четири измени.
– Трки со одење: најчести се трките на 10, 20 и 50 километри.

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu