Home / Методика на ФЗО / Девојчињата кои се опфатени со спортски активности

Девојчињата кои се опфатени со спортски активности

odbojkasice-blokГолемиот број на истражувања на научни и спортски организации низ целиот свет, утврдиле и иденфикувале пет многу важни причини зошто девојчињата треба да се заниваат и да практикуваат спортски активности а тоа се:

1. Девочињата кои се вклучени во спортот се подобри ученици и подобро интелектуално напредуваат
Родителите често мислат дека спортиските активности надвор од училиштето на децата им го одземаат времето за учење. Сепак, истражувањата покажаа дека девојчињата кои се вклучени во спорт имаат подобри оценки од оние кои не се вклучени. Вежбањето ја подобрува концентрацијата, меморијата и способноста за учење.

2. Девојчињата кои се вклучени во спортот се навикнуваат на тимска игра и се фокусираат на цели
Спортот ги учи децата на важни животни вештини. Соработката со тренерите и соиграчите, како да се победи и да се дојде до посакуваната цел, ги учи децата како се остварува успех. Овие навики и способности ќе бидат корисни и за семејството, а еден ден и на работното место.

3. Спортските активности се добри за здравјето и го одржуваат на повисоко ниво
Покрај тоа што ќе бидат во добра кондиција и ќе имаат здрава телесна тежина, девојчињта кои спортуваат имаат помалку шанси да почнат да пушат. Подоцна во животот, девојките кои вежбаат имаат помалку шанси да добијат рак на дојките или остеопороза.

4. Вклучување во спорт ја гради самодовербата и социјализацијата
Девојчињата кои спортуваат имаат подобро мислење за себе. Кога знаете дека со вежбање се станува подобар во нешто и успевате да ги постигнете саканите резултати, тоа ја подигнува самодовербата. Спортот, исто така, им помага на девојчињата да се чувствуваат добро, затоа што се во добра кондиција, без вишок на килограми, а покрај тоа се во можност да стекнат нови пријатели.

5. Спортот го подобрува расположението
Вклучувањето во спортот го намалува стресот и помага децата да се чувствуваат среќни. Хормоните кои мозокот ги лачи во текот на физичката активности го подобруваат расположението. Дружењето со пријателите исто така, прави да се чувствувате добро, а припаѓањето на иста екипа, создава многу пријателски врски. Секогаш е убаво кога знаете дека согирачот од екипата ќе ве поддржи на спортскиот терен или надвор од него.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu