Home / Спортски настани / ГРК “Борец“ стартуваше со победа

ГРК “Борец“ стартуваше со победа

RAKOMETpublika_lozaКире Мачавелов и Зоран Стојановски беа најефикасни на натпреварот, а Брилијантно бранеше домашниот голман Димовски, кој одбрани дури 17 удари на противникот. Од Борец велат ова е победа за сите кои помогнаа ракометарите повторно да се вратат на терен но и победа која треба да ги охрабри добронамерните пријатели на спортот финансиски да го подржат најтрофејниот клуб на Велес. Новиот ракометен бран во Велес, засега го предводи општината, која преку градоначалникот Славчо Чадиев го исполни своето ветување. Таа е најголем финансиер, откако Советот одлучи да издвои 500 000 денари за поддршка на клубот. На чело на новата управа е поставен д-р Петре Кодовски, а него ќе му помагаат уште неколкумина поранешнии ракометари, спортски работници и луѓе од бизнис секторот. Целта е да се овозможи долгорочен развој на ракометот во Велес, спорт кој што во градот има долга традиција пренесувана со генерации. Од управата велат дека формирањето на стабилна екипа која ќе игра значајна улога во домашниот спорт како и развој на младинската екипа ќе бидат едни од приоритети за функционирање во наредниот период.

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu