Home / Престој во природа / Логорување во природа / Градење на локални капацитети за креирање на младински политики

Градење на локални капацитети за креирање на младински политики

Simona_marija_elenaМарија Војневска, Симона Тодорова и Елена Стумбова како членови на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ , а на покана на Општина Чашка земаа учество на обуката  за  градење  на  локални  капацитети  за  креирање  на  младински  политики. Обуката   се одржа  од 23  –  24 јуни  2016, во  Комплексот “Етно Село“ и се одржува во склоп  со настојувањата  на  Агенцијата  за  млади  и  спорт  за  имплементација  на  Националната  стратегија за  млади на РМ на локално ниво.

ПСМ  Фондација  и  Фондација  Евро  Центар  го  имплементираат  проектот  “Градење  на  локални  капацитети  за  креирање  на  младински  политики”,  финансиран  од  Европската  Унија.  Проектот  цели  да  ја  зајакне  соработката  помеѓу  граѓанските  организации  и  креаторите на локалните политики со цел дефинирање на мерки кои придонесуваат кон  подобрена социоекономска положба на младите во државата. Главна  цел  на  обуката беше  градење  на  капацитетите  на  младинските  организации  и локалната самоуправа за обезбедување на висок степен на младинско учество и простор за развој на младински политики на локално ниво.  На  обуката  ќе  учествуваа  претставници  од  општините  Пробиштип,  Старо  Нагоричане  и Чашка. На обука се работеа следните теми: нивоа на младинско учество, младинско учество – модели на соработка, младински политики, детектирање на потреби и проблеми, изнаоѓање на модел решенија.

 

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu