Home / Колективни спортови / Голманот не може да го добие натпреварот, но тој може да го одбрани

Голманот не може да го добие натпреварот, но тој може да го одбрани

Primoz-Prost-FA-Goeppingen-a30243915Голманот не може да го добие натпреварот, но тој може да го одбрани. Поаѓајки од ова тврдење тогаш можеме да заклучиме дека ракометниот гол е свето место. На тоа место човекот се запознава самиот себе, тука тој го препознава стравот. Тука немате алиби – топката влезе или не. Но тоа ни помага подоцна во животот. На таа позиција сами поставувате високи цели. Тука мора да се има и квалитет и континуитет. Ракометниот голманот мора психомоторички да биде подготвен како десетобоец. Да ги има совладодано и да располага со сите елементи на голмановата техника. Голманот во ракометната игра при неговата обука и тренинг мора да работи да го намали периферниот вид. Тој не треба да се брани од топката, туку тој треба да ја напаѓа топката. Голманот треба да ја има усвоено комплетната техника, а истовремено да биде обучен да брани исправено и одважно од сите позиции.
За голманот се важни грешките по автоматизам. Ако се одлучи за ова, тогаш знаеме дека повторувањето е мајка на знаењето. Од 16 до 17 години доаѓа вештината, нешто што те прави препознатлив. Во тоа време голем удел имаат тренерите кои треба во вистински момент да ја препознаат и да ја сервисирааат корекцијата. Со тоа ќе помогнат да не дојде до усвојување на автоматизираната грешка која подоцна тешко може да се поправи или да се направи корекција.
Со голманите во ракометната игра треба да се работи индивидуално, тоа не е нивна привилегија. Тоа значи дека ако 70% од победа на екпата отпаѓа на одбраната и голманот, па затоа не е нормално со голманите никој да не работи индивидуално. Како стручен штаб на една ракометна екипа не е нормално да очекуваме дека квалитетот и континуитетот на квалитетен настап на галомнот ќе дојде преку редовно шутирање кон него и негово истегнување на тренингот.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu