Ако влезете во тренинг или натпревар со ниски содржини на гликоген во мускулите, не само што немате доволно енергија, туку ќе започнете да ги губите и мускулите. Од графиконот (прилагоден од Lemon and Mullin 1981) може да се види потрошувачката
на кислород на три различни состојби:
1. Нормално ниво на гликоген во мирување (зелено).
2. Нормално ниво на гликоген во текот на телесно вежбање (плаво)
3. Ниско ниво на гликоген во текот на телесно вежбање (жолто)
Зголеменото трошење на кислород доаѓа од зголемениот катаболизам (разградбата на протеините) во мускулите. Како што можете видите, потрошувачката на кислород при ниски нивоа на гликоген во мускулите, изразено се зголемени.
м-р Ангелче Гушев