Home / СУС Велес / Гимназијада – Охрид 2014

Гимназијада – Охрид 2014

tereni gimnazijadaСпортските игри кај средношкилците во сите 20 години на постоење даваат значаен допринос кон подобрувањето на квалитетот на живеење кај младите и нивно насочување во смер на спортот и здравиот живот.  Свесни од фактот дека занимавањето на младите со спорт и спортската рекреација не влијае само на здравјето и правилниот телесен развој туку и на интелектуалниот, естетскиот и моралниот раст на целокупното општество ја имаме одговорната задача да им овозможиме на децата и младината што повеќе квалитетни дополнителни програми за спорт и спортската рекреација како би им пружале прилика за телесно вежбање се со цел да ги отргнеме од улицата каде се соочуваат со многу опасности. Еден од тие програми е Спортската Гимназијада каде учествуваат или се инволвирани средните училишта од државата. Гимназијадата како спортски настан е најмасовната спортска манифестација која се организира во Македонија. На неа директно учествуваат околу 1000 средношколци поделени во 6 спортови ( фудбал, кошарка, ракомет, атлетика, футсал и одбојка ) и неколку промотивни спортови. Оваа година Гимназијадата ќе се одржи во периодот од 08- 10.5.2014 во Охрид , како  домаќин на најголемата средношколска спортската манифестацијата . Покровители на Гимназијадата се  Министерство за образование и наука, Агенција за спорт и млади и Локална самоуправа Охрид, а додека пак организатори се  Федерација на училишен спорт на Македонија и Сојуз на училишен спорт – Охрид. Генерален медиумски спонзор е Македонската Радио Телевизија.

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu