Во далечната 1949 за прв пат се појавија велосипедите на “Рог“ кои станаа честа појава на нашите улици, а воедно беа и наше секојдневие. Тука станува збор особено најславниот модел – легендарниот Пони на кој скоро 100 % од младите научија да возат велосипед. Велосипедот на кој се учевме да возиме беше важен извозен производ на бивша Југославија. После повеќе од две децении од фабриката на “Рог“ во Словенски Велење повторно излегува легендарниот велосиед кој е прилагоден на модерните трендови.
Основната форма е непроменета, но новиот Пони може да се пофали со фиксен пренос на брзини, инокс ланец, ЛЕД светла, кожно седиште… Во палетата се наоѓаат пет модели на Пони велосипеди – Classic, Classic 3, Classic 5, Sport i Sport S, а кои доаѓаат во голем избор на бои.. Но за жал, цената на чинење ќе ги разочара носталгичарите. Најевтиниот Пони Класик чини 329 евра, додека врвот на понудата се Класик 5 и Спорт С за кои треба да издвоите по 789 евра!