Home / Кондициска подготовка / Влијанието на физичката мобилност врз организмот

Влијанието на физичката мобилност врз организмот

Позитивното влијание на физичката мобилност врз респираторниот систем:

.Респираторниот систем учествува директно во мускулниот хемизам, каде што го осигурува потребното количество на кислород и го отстранува одделениот јаглерод диоксид. Задлабочувањето и убрзувањето на дишењето води до подобро вентилиарње на белите дробови.
– Се постигнува зголемување на вдишаниот воздух(при нетренирани е 350мл/мин. додека при физички активни достига и до 950мл/мин.).
– Снабдувањето на организмот со кислород е поадекватно, снабдуванњето на крвта е зголемено. Од 250мл/мин. во мирување, при физичка активност снабдувањето на крвта со кислород достига 4000мл/мин.
– Количеството на крв кое што поминува низ малиот круг на крвотокот, од 5,5лит/мин. во мирување, при физичка активност може да достигне 40лит/мин. Подобрениот крвоток го подобрува ефектот на медикаментозната терапија при белодробни заболувања.
– Се подобрува нервно-хуморалната регулација на дишењето (особено важно кај астматичарите).
– Позитивно се менуваат сите функционални карактеристики (подвижноста на градниот кош и на дијафрагмата, еластичноста на белодробното ткиво).
– Најдори резултати во тренирањето на Респираторниот систем се постигаат при примена на кардио вежби(аеробен тренинг), во комбинација со вежби за сила(анаеробен тренинг) и дишна гимнастика(вежби за дишење).
– Недвижењето се одразува крајно негативно врз состојбата на респираторниот систем.
– Се зголемува склоноста кон Белодробни заболувања и инфекции (бронхит, пневмонија, астма).
– Се нарушуваат регулаторните механизми, дискоординација и нарушување на мускулниот баланс.
– Белодробниот капацитет се намалува, количеството на вентилиран воздух е минимално, коешто води до хипоксија и хипоксемија и се одразува негативно врз клеточното дишење и на состојбата и на работоспособноста на централниот нервен систем (главоболки, омалаксаност и др.)

Позитивното влијание на физичката мобилност врз кардиоваскуларниот систем:
Физичката активност има полесно влијание врз сите функции на кардиоваскуларниот систем.
– Едночасовно занимавање со физичка активност, коешто е со умерен обем и интензитет, го мобилизира по нервно-хуморален пат крвотокот, ја засилува дејноста на срцето, води до прераспределуванње на тензијата во крвоносните садови со намалување на периферниот отпор (зголемениот периферен отпор е причина за покачен крвен притисок), средно за околу 20 и повеќе пати. За тоа одредена улога игра и зголемувањето на температурата на активната мускулатура. Докажано е дека при аеробен (кардио) тренинг и засилена мускулна работа отпорот во крвоносните садови достига до 0,3 единици, додека во мирување тој е 4,9 единици.
– Засилувањето на дејноста на срцето се изразува и со забрзување на неговите контракции (забрзување на пулсот). Во почетокот на оптоварувањето пулсот често се зголемува до одредено ниво, после тоа се стига до период на вработување на пулсот и период на ергостаза (срцето работи посмирено, со константен понизок пулс).
– Ударниот обем на срцето од 60мл. во мирување, при активност може да се увеличи и до 100мл. и повеќе, како во големиот круг на крвотокот (левата комора), така и во малиот круг (десната комора).
– Засилувањето на срцевата дејност води до убрзување на крвотокот, една обиколка на крвта при мирување се извршува за 21-23сек. а при физичка активност се убрзува два пати. Се случува прераспределба ма крвната маса, крвните депоа се празнат, крвта се насочува кон активните мускули. Тоа води до прераспределување на крвта, се активираа периферната циркулација, се активираат згаснатите капилари (капиларите не изумираат, а згаснуваат поради недвижење). Ова се процеси кои што водат до подобрување на квалитетот на составот на крвта (намалување на ацидозата), одстранување на застојните појави, подобрување на регенеративните процеси (превентива од образување на тромб).
– Подобрувањето на крвоснабдувањето води до подобрување на работата на миокардниот мускул.
– Како резултат на стимулативното влијание на мускулната активност врз коронарната циркулација, при физичката активност се случува процес на развивање на колатерална крвоносна мрежа во миокардот. Процес кој што може да биде многу корисен во рехабилитацијата при некротирање на миокардниот мускул при инфаркт.
– Под дејство на физичката активност, во мускулатурата, а од тука и во миокардниот мускул се таложат енергетски супстанции, што е претпоставка за зголемена работоспособност. Позитивно врз кардиоваскуларниот систем се одразува и активирањето на размената на мастите и минералите, имајќи однос кон механизмот на срцевите контракции и еластичноста на ѕидовите на вените и артериите.

Нервен систем
trcanjeСистемски организирани и правилно дозирани физички вежби и правилно организирана спортска активност имаат одреден ефект врз состојбата на нервниот систем, како во правец на тонизирање, така и во правец на релаксирање. Особено пријатен и многустран е ефектот врз централниот нервен систем од примената на вежби во комбинација со дишна гимнастика. Докажано е дека од центарот за дишење се распростануваат импулси по централниот нервен систем. Тие импулси влијаат на некои центри во продолжениот мозок (садово-моторен и срцев), кое што е појава при варирањето на крвниот притисок и срцевиот ритам. Исто така ги зголемуваат возбудните процеси на моторни центри во рбетниот мозок.
– Се подобрува силата, подвижноста и рамнотежата на основните нервни процеси (возбудливост и забавеност), коишто стануваат по концентрирани, взаимните односи меѓу нив по прецизни. Тоа води до позитивни промени во типот виша нервна дејност и нормализирање на невродинамиката, ако е нарушена.
– Се зголемуваат вобудноста и лабилноста на нервните клетки. По големо зголемување на подвижноста, возбудливоста и лабилноста се карактерни при спортови за брзина (шпринт). Спортовите за издржливост (или активности како пешачење, планинарење, велосипедизам, пливање и други долготрајни, со помал интензитет) влијаат за подобра уравнотеженост на нервните процеси, а брзината до извесен степен им се намалува, податок кој што треба да се има предвид при различните типови неврози.
– Се подобрува дејноста на анализаторите и се усовршува аналитичната способност на кората на главниот мозок.Се подобрува способноста за диференцирање на негативни дразнители.

Позитивното влијание на физичката мобилност врз респираторниот систем:

– Зголемената возбудност на кората на главниот мозок го олеснува протокот на условни рефлекси, допринесува за регенерирање на згаснатите рефлекси. Физичката активност ги засилуваат и ги подржуваат нервните патишта. Тоа е главна причина за нормализирање на редица нарушени функции при некои заболувања на НС.
– Кората на главниот мозок се збогатува со многу нови условни рефлекси, кое што води до усовршување на регулаторните механизми и изградување на нови координации од повисок поредок. Тоа води до нормализирање на нарушените функции, пренасочување на нервните центри, формирање на нови функции и др.
– Се подобрува трофичната функција на НС, што предизвикува забрзување на регенеративните процеси. Се подобруваат функционалните механизми за пренасока, се подобрува обратниот процес на образување на отоците, помага во зачувувањето на преживеаните клетки, при процесот на воспаление.
При неактивност доаѓа до процес на слабеење и растројство на нервните процеси, нервните клетки стануваат инертни. Дејноста на главниот мозок ослабнува, во кората преовладуваат забавени процеси, недостасува неопходната возбудност, се појавуваат млитавост и хипотензија. Безусловните рефлекси бледнеат, а условните можат да стигнат до полно згаснување. Трофичната функција на НС се нарушува. Сето тоа се одразува негативно врз организмот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu