Во рамките на одбележувањето на 74-ри години од смрта на Коле Неделковски, кое се одржа на 2 септември 2015 год. (среда), училишниот спортски клуб “Коле Неделковски“ – УЗУС од Велес кои делува при истоименото училиште ja организираше прва велосипедска тура на релација Велес – Војница, родното место на Коле Неделковски. На оваа велосипедска тура со должина од 15 километри, учество земаа 12 ученици и наставниците по спорт и спортски активности од училиштето.
Овој 2 септември , денот кога во 1941 година трагично го заврши својот живот младиот македонски поет и револуционер, Коле Неделковски, воедно беше одбележан и со полагање на свежо цвеќе пред спомен обележјето на поетот во село Војница од страна на Општина Велес и Општина Чашка, Директорот и Наставничкиот совет на училиштето, а ученици од училитето ССОУ “Коле Неделковски“, читаа стихови од објавените стихозбирки „Пеш по светот“ и „М’ лскавици“.
м-р Ангелче Гушев