Home / Индивидуални спортови / Велосипедска сигурносна технологија

Велосипедска сигурносна технологија

Започнатt2а е револуционерна велосипедска сигурносна технологија.  Три шведски компании Volvo, Ericsson и POC кациги оваа недела на  саемот “Consumer Electronics Show”  во Лас вегас преставија иновативна  технологија која помага во спречување на судар помеѓу автомобил и велосипедист .  Технологијата ја развиваат трите споменати компании под името  ACS – Anti Collision System. Оваа технологија функционира  со воспоставување двосмерна комуникација помеѓу автомобил и велосипедска  кацига која што емитира и испраќа податоци за близината и испраќа соопштение  на Volvo возачите и велосипедистите се со цел намалување на несреќите.

Ги предупредува возачите и велосипедистите
Со користење на на популарната смарт фон велосипедска апликација  како што е Strava, моменталната положба  на велосипедистот може да се пренесе преку “Volvo cloud”   до автомобилот и обратно. Ако престојниот  судар биде предвиден, двајцата учесници во сообраќајот ке бидат информирани  и предупредени. Volvo возачите ќе бидат информирани за близината на  велосипедистот преку приказ на информирање на head-up дисплејот дури и тогаш кога велосипедистот не е визуелно достапен , односно е позади кривина, позади друго возило или во услови на смалена видливост. Велосипедистот ке  биде информиран преку кацигата на која се монтираат информативни светла со физички вибрации.

Одстранување на слепите точки помегу автомобилите и велосипедистите
Во 2013 година Volvo беше првиот производител на автомобили кој воведе  детекција на велосипедисти со потполно автоматско нагло кочење во градскиот  сообраќај. А сега со оваа иновација тие се се поблиску до одстранувањето на  преостанаите слепи точки помеѓу автомобилите и велосипедите , односно се поблиску  до решение за трајно одстранување.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu