Home / Индивидуални спортови / Велосипедска опрема

Велосипедска опрема

534907_10150804373272278_136827596_nОткако го најдовте вашиот велосипед, не сметајте дека давачките се завршени. Ви предлагаме  артиклите, односно опрема која што за вас ке обезбеди поголема сигурност и удобност, а со тоа возењето ке ви биде доста релаксирано.

Кацига. Спротивно на претходните тешки и тврди кациги денешните се изработени од преработен полистирен, лесни се и тежат помалку од 250 гр. Некои кациги однатре се пластични и обложени со ликра додека другите се обложени со друг мек материјал. Тие се направени со цел да ја намалат силата од удар. Да се носи преголема кацига е исто како воопшто да не се носи. Најчесто се во три броја: мала, средна и голема и однатре се полни со сунгер кој се адаптира на формата на секоја глава. Никогаш не носете кацига оштетена при пад.

Велосипедски гаќички
Следниот производ на листата за велосипедски додатоци се квалитетните велосипедски гаќички. Тие се зајакнати со нежна штавена кожа и се многу пријатни за внатрешниот дел од нозете. Оваа облека од ликра го покрива грбот и се прилагодува на телото на велоснпедистот кој со горниот дел е наведнат нанапред. Некои велосипедски гаќички имаат дури и заштитни додатоци на бутините и колковите во случај на пад.

Велосипедски ракавици
Тие се зајакнати на местата од раката со кои се допира управувачот и се добредојдени за да се издржат нерамните патеки. Освен тоа со вашите прсти кои се непокриени, имате целосна контрола врз менувачите на брзината и сопирачките. Тие иcтo така ја апсорбираат потта, со што се овозможува подобар фат на управувачот и ги штитат дланките од повреди при пад. Многу е поедноставно и побезболно да се купат нов пар ракавици одошто да се чека да зараснат повредите.

Велосипедски спринтерици
Ѓонот на велосипедските спринтерици е премногу еластичен за велосипедистот. Тој е наменет за заштита на стопалото кога се допира подот. Спринтериците чиј допир со подот е лимитиран располагаат со покрути ѓонови чија што функција е да помогнат при пренесување на силата во педалите. Главно постојат три модели на спринтерици: за велосипедски туризам, за натпревар и за планински велосипедизам. Велосипедските спринтерици имаат жлебови кои дозволуваат да се фиксира спринтерицата за педалата со помош на една плочка. Велосипедските спринтерици кои се наменети за возење велосипед не се адаптирани за пешачење (најчесто ги користат активните велосипедисти). При купување на спринтерици потребно е да се обрне внимание, бидејќи претставуваат многу важен елемент од велосипедската опрема.

Друг неопходен материјал
3а да ја угасите вашата жед, на списокот треба да ги додадете уште и двата држачи за бидони (шишиња) и два бидона. Исто така треба да набавите пумпа за пумпање на гумите и велосипедска торба. Наполнете ја вашата торба со алатка за одвртување на гумите, кит за поправање. Еден компјутер, сместен на управувачот кој ќе ви овозможи да ги контролирате своите вежби и да ги регистрирате своите постигнатиг времиња, поминатите раздалечени, брзината на движењето и другите потребни информации.

Споредни елементи
Направивме еден преглед за основните и додатните елементи за еден велосипедист. Да ги проучиме сега и другите додатни  елементи кои се корисни но, не и задолжителни. Следните производи не се неопходни но, тие го прават вашето возење попријатно.

Комбинезон
Велосипедскиот комбинезон е облека која што е направена од синтетнчки материјал помешан со памук. Тие ја апсорбираат потта и помагаат да се избегне летната топлина но истовремено штитат од ниските зимски температури. Има модели со долги и кратки ракави, се закопчуваат однапред и располагаат со два до три џеба каде што можете да ги ставите вашите клучеви, облека или храната. Комбинизоните се така направени да можете одоздола да носите маички. Во случај на пад триењето меѓу маичката и комбинизонот ќе ве заштити од неколку гребнатини.

Блузон
3а жал времето не е секогаш убаво и многу е непријатно возење по обилни дождови. Се чини дека еден непропустлив блузон ви е неопходен. Повеќето од нив се диплат многу лесно со цел па можете да се сместат во еден од џебовите од комбинезонот. Доколку сакате да продолжите со возењето и во зимскиот период тогаш ви е неопходна и потопла и непропусна облека.

Стегачи483105_10151017998452278_1208353922_n1
Стегачите кои станаа многу славни благодарение на аеробикот, служат за одржување на температурата на колената и квадрицепсите, додека температурата се симнува под 15°С. Во текот на ладните денови, овие стегачи ќе ви овозможат да ја задржите топлината на ова група мускули и да ги избегнете повредите на колената.

Хеланки и заштитници за рацете
Овој вид џиновски чорапи без стопало се користат кога е премногу топло да се носат комбинезони со долги ракави или кога е ладно да се носат само шорцеви и маичка. Облечете ги на почетокот на вашето возење, за загревање потоа соблечете ги и ставети ги во вашата торба. Овие производи се направени од најлон и ликра за топлите денови и од лен за ладните и влажни денови.

Очилa
Очилата за сонце служат за заштита од прашина инсекти и ултравиолетови зраци

Срцев Монитор
Постепено со вашето напредување треба посериозно да помислите да купите и еден срцев монитор, за да ја мерите башата срцева фрекфенција во текот на возењето. Овие монитори ја одмеруваат електричната активност на вашето срце и ја пренесуваат на приемникот поставен на управувачот.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu