Home / Престој во природа / Логорување во природа / Велешките извидници на VI Европски извиднички симпозиум

Велешките извидници на VI Европски извиднички симпозиум

IMG_3163Шеснаесет извидници од извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, на 4.12.2015 год. (петок) во Големата сала на Македонскиот Народен Театар учествуваа на церемонијата на Свеченото отварање на Европски Извиднички Симпозиум. На свеченото отварање македонските извидници пред европските скаутски делегации се преставија со извидничка драматизација. Присутните беа поздравени од Фатмир Бесими, заменик на Претседател на Владата на РМ и задолжен  за европски прашања, Андреа Демармелс, преставник на европскиот скаутски регион и Огнен Стефановски стрешината на СИМ. Овој настан се одржува од 3 до 6 декември оваа година, а Сојузот на Извидници на Македонија  е домаќин на Европскиот Извиднички Симпозиум. На Европскиот Извиднички Симпозиум присуствуваат делегации  од сите Европски национални сојузи и федерации претставени од над 140 учесници кои се сместени во хотелот  “Континентал“  каде се реализираат и сите сесии од симпозиумот. Целта на симпозиумот е да се подготви план и насоки за Европскиот Извиднички Регион за наредните три години, план кој е подготовка за Европската Извидничка Конференција која се одржува наредната година во Норвешка.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu