Home / Престој во природа / Логорување во природа / Велешките извидници на 11 Смотра на СИМ – Скребатно 2013

Велешките извидници на 11 Смотра на СИМ – Скребатно 2013

Bojan_jane_IvanovКако уникатен настан на кој се собираат извидници од секоја страна на светот  оваа година во периодот од 20 до 28ми јули во село Скребатно се одржа  традиционалната извидничка смотра на Сојузот на Извидници на Македонија,  единаесетта по ред во чест на 60те години постоење на извидништвото во  нашата република. На оваа смотра учествува многу извидници од соседните републики,  како и извидници од цела Европа, така што вкупниот број на учесници беше околу 400  секогаш млади луѓе. Извидниците од Извидничкиот Одред “Димитар Влахов ” од Велес Јане Јанков и Бојан Миклош беа исто така дел од овој настан.  Смотрата беше настан на кој вреди да се присуствува. Отварањето беше  реализирано во античкиот град во Охрид каде што се обратија претседателот  на Република Македонија г-дин Ѓорѓе Иванов, началникот на Генерал Штабот  на Армијата на Република Македонија генерал мајор Горанчо Котевски, старешината  на смотрата Феријанчо Гоговски. Програмата на смотрата изобилуваше со различни  активности кои според времетраењето можат да се поделат на целодневни, полудневни  и кратки. На овие работилници извидниците имаа можност да научат многу нови работи,  да се запознаат со активностите на специјалните сили на Република Македонија, да слушнат и да споделат искуства со останатите извидници и стручни лица кои  ги водеа работилниците. Изборот беше преголем така што нашите извидници земаа  учество на следните активности: Стрелаштво, Стреличарство, Ноќен Хајк, Жонглирање,  Кунг Фу, Изработка на Сапун, Преживување, Алпинизам, Изработка на Стенсили, посета  на Змискиот остров во Преспа. Програмата на оваа смотра не би била онаква каква  што би требало да биде, ако не беше пружена безрезервната помош од Армијата на  Република Македонија, така што единицата за логистичка поддршка и полкот за специјални  операции професионално си ја извршија својата работа грижејќи се за безбедноста и  логистиката на смотрата да бидат на највисоко ниво. За ова најзаслужни се  покровителите на нашата смотра Кабинетот на неговата екселенција Претседателот  на Република Македонија д-р Ѓорѓе Иванов и Генерал Штабот на Армијата на  Република Македонија. Деноноќната забава на смотрата го градеше духот на  извидништвото и високо го одржуваше моралот на извидниците многу бендови  настапуваа со цел да ги анимираат извидниците, така што поддржувајќи ја  оваа културно забавна програма и нашиот извидник Бојан Миклош учествуваше  во двочасовниот концерт на затварањето на смотрата. На крајот на смотрата оправдувајќи го своето учество и активна работа нашите извидници беа  одликувани со беџ на пријателство од штабот на 11та македонска извидничка смотра. Оваа Смотра беше посетена и од страна на Старешинана на одредот Ангелче Гушев.

Бојан Миклош

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu