Во организација на Федерацијата на спортските педагози на Република Македонија во периодот од 17-18.4.2015 година на во ресторанот Мотел “На Велешко“ на брегот на езеро Младост се одржа 13та Меѓународна научно-стручна конференција во Велес. На 13та Меѓународна научно-стручна конференција главна тема беше “Актуелната состојба со физичкото образование и спортските активности во одделенска настава“, а додека во делот на слободни теми се обработуваа теми од областа: “Физичкото образование, спортот и кинезиологијата“. Покрај гостите од Република Мкаедонија на конференцијата имаше учеснци од Словенија, Бугарија и Србија. Конференцијата ја отвори Претседателот на Федерацијата на спортските педагози на Република Македонија, проф. д-р Александар Наумовски, додека пак поздравни говори упатија и неколкумина врвни педагози – кинезиолози од Србија и Бугарија.
На оваа 13та Меѓународна научно-стручна конференција беа презентирани повеќе од 50 трудови создадени од повеќе од 80 автори. Меѓу нив презентирање на својот авторски труд на тема: “МУЛТИВАРИЈАНТНА И УНИВАРИЈАНТНА АНАЛИЗА НА ОДРЕДЕНИ АНТРИПОМЕТРИСКИ МЕРКИ И МОТОРНИ ТЕСТОВИ КАЈ УЧЕНИЦИТЕ ВО СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ“ имаше м-р Ангелче Гушев професор по спорт и спортски активности во ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес и проф. д-р Магдалена Дамјановска професор на ФОН Универзитетот во Скопје.
Темата која што беше презентирана од страна на м-р Ангелче Гушев се однесуваше на разликите на одредени антропометриски мерки и моторни тестови кај учениците во средно-стручните училишта и гимназиските училишта. Треба да се нагласи дека тестираните 75 ученици од средно стручно училиште се ученици од ССОУ “Коле Неделковски“ од Велес, а тоа се ученици од генерацијата на четврта година во учебната 2013/2014 година.
Презентација: multi_uni_analiza na moto_antropometrija_Veles2015