Home / Спортски настани / Велес домаќин на финален меч во стрелаштво: воздушна пушка и пиштол

Велес домаќин на финален меч во стрелаштво: воздушна пушка и пиштол

jovanceОваа сабота на 7-ми Септември со почеток во 10 часот во просторот на стреланата на велешкиот клуб „Велес“ ќе се одржи ревијален натпревар за воздушка пушка и пиштол за жени и мажи-Финале меч. Натпреварот ќе се спроведува според најновите правила кои од минатата година се воведени од страна на светската стрелачка федерација и меѓународниот олимписки комитет а на истиот ќе земат учество и 8-те најдобри стрелци во државата во наведените дисциплици. Финале мечот во суштина претставува натпреварување на најдобрите стрелци каде ќе се одреди кој е прв а кој последен а истиот е специфичен затоа што бара одредени технички можности и човечки потенцијал. Мислам дека ние во клубот се екипиравме добро со поддршка на општина Велес и надворешните партнери и преку натпреварот ќе се обидеме да оддадеме почит кон одбележувањето на 22 годишнината од независноста на Македонија но и докажеме дека во Велес се негува стрелаштвото како спорт и дека имаме надежни и талентирани млади стрелци кои можат да постигнат високи и солидни резултати, истакна, претседателот на стрелачкиот клуб „Велес“, Јован Андовски. Натпреварувачите ќе стрелаат на далечина од 10 метри во две дисциплини: воздушна пушка и пиштол а на турнирот најавено е присуство на најквалитетните стрелци од последното државно првенство како што се олимпискиот првак, Оливера Накова Бикова, Јордан Тасевски, Лидија Крстевска и слично. Велешката стрелана официјално по подолг временски период започна да функционира од пред 5 години кога благодарение на општина Велес се вложија средства за уредување и опремување на стреланата а според податоците истата ја посетуваат голем број на велешани од кои 16 стрелци се активни и редовно се натпреваруваат. Во стреланата редовно вежбаат млади стрелци кои можат да се пофалат со поединечни успеси на државни натпревари, ние не наплаќаме за членарина, секој може да не посети и да проба да стрела а доколку забележиме потенцијал кај некој го подготвуваме за натпревари, напомена, Андовски.

превземено од: http://cdradio.com.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu