Home / Индивидуални спортови / Вашата велосипедска подготовка

Вашата велосипедска подготовка

velo2Пред да почнете да возите подолги релации, треба да ја запознаете вашата физичка и здравствена состој ба. На тој начин би започнале од оној степен кој вас најмногу ви одговара а, со тоа ќе си поставите цел кој а реално можете да ја достигнете. Проверката на вашата општа здравствена состојба служи за споредување со истиот тест кој повторно ќе го направите за да можете да го споредите вашиот напредок. Еве ја и последната етапа која што треба да ја поминете. Досега сигурно сте го испитувале вашето здравј е само преку медицинските испитувања. Но овој пат тоа ќе го сторите со помош на вашиот велосипед. Преку добиените резултати ќе ја одредите програмата која што вам најмногу ви одговара. Тестот на јачина може прецизно да го одреди степенот на вашето здравје и физичка форма. Тоа ќе ви овозможи без опасност да ги определите вашите зони на вежбање, а со тоа вашите кардиоваскуларни вежби ќе бидат ефикасни и стимулативни. овој тест може да го проба секој без оглед на годините или физичката кондиција. За ова ви се потребни само вашиот велосипед и еден рамен терен.

Тест за вашата физичка подготовка
– Побарајте лесно минлива 5 км долга патека, како на пример некој голем парк или голем паркинг од некој трговски центар.
– Направете неколку вежби и загрејте се 5 до 10 минути.
– Треба да носите пригодна облека, а вашиот велоси- пед треба да биде уредно подготвен. Изберете ден со релативно слаб ветер и со повисока температура. Препорачливо е овој тест да се врши рано наутро или навечер додека временската состојба е поволна.
– Не јадете најмалку 2 часа пред да започнете со тестот и не вршете напорни работи во текот на ноќта.
– Возете 5 км во круг најбрзо што можете, задржувајки константна брзина. Регулирајте го вашиот од, за да можете да ја  поминете патеката со една стабилна брзина. Вклучете ја  вашата штоперица. Во случај да треба да застанете или да успорите не ја исклучувајте штоперицата. Забележите го вашето време.
– Времето за поминатите 5 км ќе ви ј а покаже релативната оцена за нивото на вапіето здравје и на вашата физичка кондициј а. Тоа ќе ви помогне да ј а составите вашата табела за вежбање.

tabela_velo

На пример еден маж кој ќе ја помине патеката од 5 километри за 11 минути и 45 секунди, припаѓа на средната категорија. Меѓутоа, сметајте на тоа дека овој тест одговара на нивото на вашето здравје и физичка кондиција и дека не е индикација за вашиот потенцијал.

Повторување на тестот: Можете периодично да го поминувате тестот на 5 км еднаш месечно или во период од три месеци , со цел да го процените подобрувањето на вашите перформанси и нивото на вашата кондиција. Но за да можете да ги споредите резултатите, треба да ја минувате истата патека, при слични временски услови и на истиот велосипед.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu