Home / Спортски настани / Вардарска регата “Гемиџии“ станува бренд на Велес и Македонија.

Вардарска регата “Гемиџии“ станува бренд на Велес и Македонија.

reg5Според најавите на организаторите оваа менифестација ќе биде една од само трите во земјава кои ќе го имаат епитетот туристичка атракција. Освен регатата ,тое се Галичката свадба и Шарпланинскиот куп во скијање. На овој начин манифестацијата ќе има поддршка и промоција од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Има најава но сеуште не се знае дали годинава ќе се реализира, Регата да тргнува од Вруток, метото каде извира Вардар и да се оджува цели осум дена, наместо како досега четири. Помалите пловни објекти ќе тргнуваат од Вруток, а поголемите ќе се приклучат од Велес. Организаторите уште од сега најавуваат дека годинава Регата ќе има меѓународен карактер, со зголемен број на учесници и 15-тина пловни објекти по течението на реката.

„Гемијата сигурно ќе заплови од Велес. Има една идеја тоа да биде од Јаниташ, местото од каде се поаѓало за Солун пред 110 години. Освен од Велес на регатата кај Стоби ќе се приклучи и Тиквешката регата. Веќе имаме најава дека ќе ни гостуваат лица од Бугарија. На овој начин дефинитив но регата добива меѓународен карактер и станува препознатлив бренд на градот“ рече Ангелче Гушев еден од организаторите на  Вардарската регатата.

За што поголема афтентичност, организаторите на манифестацијата годинава за прв пат изработија реплика на оргиналните гемии со кои се патувало до Солун за трговија.

превземено од: www.lisica.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*