Home / Индивидуални спортови / Боречки спортови / Борењето – идеален спорт за деца и млади

Борењето – идеален спорт за деца и млади

borbaИ покрај предрасудите кои го придружуваат, борење е според кои според мислењето на експертите е идеален спорт за деца. Точно е дека тој не е популарна како фудбалот, ракометот, кошарката или тенисот, но тоа е еден основно-базичен спорт кој вклучува елементи од гимнастиката и акробатиката, каде се развиваат подеднакво сите мускулни групи на телото. Го тренираат и двата пола и момчиња и девојчиња и тоа на возраст од пет години па се до тинејџерите. Долната граница за почеток со овој спортс е доста поместена. Порано децата започнувале да тренираат со 7-8 години,а денес може да се каже дека проодуваат на душеците за борење, а тоа значи од најмала возраст. Сепак некој во борењето ќе се вклучи и од 15 години. Има дури и освојувачи на медали, а истите многу доцнат се вклучиле тренажниот процес на боречкиот спорт. Борење ја развива рамнотежата, го корегира држењето на телото и создава услови на личноста за подоцна да може да се приклучи кон некој друг спорт. Се повеќе и повеќе се појавуваат девојки во борењето наспроти стереотипите дека тие мора да се со “машка“ конструкција на телото за да би се бавеле со овој спорт. Тоа не е единствената заблуда што го следи борење. Многумина веруваат дека ова е небезбеден спорт, што не е точно, затоа што во овој спорт има помалку повреди и од фудбалската игра.
Борење вистина дека е контактен спорт, но не и насилен. Во борењето доволно е вклучена стратегиијата, затоа што мора да доста да се размислува.Противникот го добиваме со ум и добра техника, а не само на сила. Заблуда е дека детето ќе биде агресивно, ако го тренира борењето. Напротив, со овој спорт ќе се канализира неговата енергија и покрај физичкиот развој , детето ќе се развива и во психолошка смисла. Затоа што кога се работи борењето со спаринг партнер, тоа мора да се заштити и чува за да не биде повредено или да му се наштети на противникот. Тие не се ривали, тие се само партнери. Така преку борењето кај детето се развива чувство на грижа за другите.
Македонија има долгогодишна традиција во борењето, конкретно во слободниот стил. Кај нас Македонија многу помалку се rvanje2практикуваше грчко-римскиот стил, борење кај кое сите зафати се до појасот, а додека пак во слободниот стил на борење зафатите се и пониско и под појасот. Нашите македонски борачи во слободен стил се освојувачи на голем број на медали од ЛОИ, светски и европски првенства.
Но не секое дете не мора да биде освојувач на медали, бидејќи тие не се единственото огледало на добри спортисти. Спортот треба да воспитува и едуцира и да помогнеме на децата и младите да се движат и насочуваат низ животот, а борењето ги тера да се победува стравот и да се насочува кон нови победи и не отстапување од победата.Борењето е вечна борба со самиот себе.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu