Home / Исхрана на спортистите / Благата и здрава страна на медот

Благата и здрава страна на медот

obshayaМедот како прехрамбен продукт е една од ретките намирници кои добро делуваат на нашето здравје. Одамна се користи за лечење на разни здравствени проблеми , а во продолжение ќе ви  откриеме  неколку добри страни на оваа вредна намирница.

Болно грло и кашлица: Кога ќе почувствуваме болка во грлото или кога ќе почнеме да кашламе, медот е првото нешто по кое посегнуваме. Ако го помешате со неколку капки лимон, таквата смеса ќе ги ублажи вашите тегоби.

Зголемен мунитет: Благодарејќи на антиоксидантите кои ги содржи, медот го зајакнува имунитетот. Конзумирајте секојдневно по една лажица за да му ја обезбедите на организмот најдобрата заштита.
Мирен сон: Комбинација од топло млеко и мед ќе ве опушти и ќе ви обезбеди мирен сон.
Енергија:  Медот има голема енергетска вредност. Без разлика на начинот на кој го конзумирате, медот ќе ви обезбеди сила. Докажано е дека кога имаме потреба од енергија, медот може веднаш да ни ја обезбеди. Една лажичка мед содржи 64 калории за разлика од шеќерот кој содржи 50 калории. Истражувањата покажуваат дека медот ја зголемува физичката активност и за зацврстување на мускулите треба да се консумира по тренингот.
Гребаници: За да ја ублажите болката или евентуалните гребаници, малку мед нанесете на гребанцата.
Здив: Во комбинација со цимет, медот ќе го неутрализира лошиот здив.

**************************************************************************************************
Медот има атрактивни хемиски својства и еден специфичен вкус, кој тера некои кувари да го употребуваат наместо шеќер или други засладувачи. Повеќето микро-организми не прераснуваат во медот поради недостаток на вода. Медот е чудесна храна. Неговата употреба не се ограничува само на јадење. Неговата моќ може да се употреби и за други работи како на пример за лечење рани, топење масти и губење тежина, омекнување на кожата…Еве неколку примери за тоа како се може да се користи медот.

Засладувач: Медот може да се користи наместо шеќер во храната и пијалаците затоа што содржи слична количина на гликоза и фруктоза.

За намалување на тежината: Можеби нема да ви се верува, но вистина е. Да, медот има повеќе калории од шеќерот. Но, доколку се консумира редовно со млака вода, веднаш ќе ги забележите резултатите.med1

Збогатување со минерали и витамини:  Медот е богат со витамини како витамин Ц, Б3, Б2 и калиум.

Нега на кожата: Медот во комбинација со млекото прават чуда за секаков тип на кожа. Медот на навлажнува и омекнува кожата и и дава прекрасен сјај. Уште од дамнешно време, медот се користел како лек за третирање на рани, исекотини и други видови на надразнувања.

Исклучок: Мед не треба да се дава на деца под 1 година затоа што медот може да предизвика сериозна медицинска состојба.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu