Home / Сојуз на спортови Велес / Сојуз на спортови Велес / Ангел Петрушев спортист на Велес за 2024 година

Ангел Петрушев спортист на Велес за 2024 година

На 26.12.2024 год. во организација на Сојузот на спортови на Велес, на бродот „Панини“ се организираше манифестацијата “Избор на спортист на Велес“.На оваа манифестација доделени и следните  наградите.

Наградата  за спортист на град Велес му припадна на Ангел Петрушев, кајакарот на ККК Вардар Велес. Тој ова признание го доби за освоеното шесто место на Европското првенство во Љубљана, како и победник на ИКАС 2024. Со остварените успеси тој се стекна и со титулата „Спортист од меѓународна категорија“, доделена од Министертвото за спорт.

Со награди се закитија и Раде Стефановски за најдобар судија, фудбалерката Ленче Андреевска за Амбасадор на велешкиот спорт, Иле Чуповски доби посебно признание за придонес во спортот, а  посебно признание за помагање на спортот доби Горанчо Лазов.

Посебно признание за традиционални вредности доби Вардарската регата „Гемиџии“ 2024. За најдобри спортски манифестации награди добија ККК Арка – Борец Велес и Спортските игри Велес – Дематели инвест груп. Во сениорска конкуренција За најдобра сениорска екипа беше наградена екипата на МКВ Велес, а за најдобар тренер во сениорска конкуренција Димче Стефановски  од ККК Вардар Велес.

Во категоријата млади спортисти најуспешни годинава биле Јана Митровска – Карате клуб Будо Велес, Илија Ѓорѓиев – ККК Вардар Велес, Марјан Климкаров – КК Борец Баскет, Дарис Мемиќ – пингпонгар, Олег Дејановски – МК Мото Велес, Антонио Заров – Фруит ленд Борец, Марија Пановска – ККК Гемиџии 903 Велес, Андреј Цилаков – кадетска репрезентација, Марија Прпева – Тениски клуб Борец Велес, Марко Варналиев – Кајак клуб Бабуна Велес, Сара Јовевска – Женски фудбалски клуб Борец, Константин Коцев – БЏЏ Будо Велес, Христијан Николиќ – МВК Велес, Ања Трајкова – ГОК Борец, Левче Картинов – Боречки клуб Борец Велес, Марко Димовски – Карате клуб Гладијатор и Андреј Арсов – Атлетски клуб Борец Велес.

Во категоријата спортисти сениори како најуспешни се вбројуваат Трајче Илиевски – АК Борец Велес, Стефан Рибарски – ККК Вардар Велес, Стефан Филиповски – ФК Борец 1919, Виктор Ванчевски – МВК Велес, Васко Николов – ГОК Борец Велес, Ели Панова – Стречалки клуб Велес, Кристијан Лазаров – ККК Арка – Борец Велес, Ивица Илиев – РК Фуитленд Борец Велес,  Кристијан Ванчевски – МВК Велес и Ангел Петрушев – ККК Вардар Велес.

Во категоријата сениорски екипи третото место му припадна на ККК Вардар Велес – Кајак слалом, второто место на на РК Фруитленд Борец и првото место на МВК Велес.

За тренер на сениори е прогласен Димче Стефановски од ККК Вардар Велес. Со титулата младински тренер за 2024 се закити Кристијан Николов од МВК Велес.

За успешни младински клубови се прогласени ККК Арка – Борец Велес кој го освои третото место, ГОК Борец Велес второто место, а прв на листата најуспешни младински клуб е ККК Вардар Велес.

Најдобри спортски манифестации годинава, кои привлекоа илјадници посетители и Велес го ставија на мапата на светскиот спорт се Светскиот куп во спуст на дива вода во организација на ККК Арка – Борец Велес, кој траеше три дена и на кој учествуваа 17 држави и 250 натпреварувачи и Спортските игри Велес – Дематели Инвест груп, петдневна спортска манифестација со 540 учесници  од осум земји, одиграни 300 натпревари и 25 илјади посетители.

Постхумно му беше доделена награда на Ристе Велковски, еден од најдобрите велешки ракометари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*