Home / Индивидуални спортови / Останато / Ако може да се скија на снег, може и на ВОДА!

Ако може да се скија на снег, може и на ВОДА!

skijanjeОвие зборови пред повеќе од девеесет години во  1922 год.,  беа зборови на тогаш осумнаесет годишниот американски спортист Ралф Семјуелсон. Тој  го објави формирањето на новата спортска дисциплина  – скијањето  на вода.Тогаш тој беше првиот кој скијаше на водата, а воедно и го популаризираше овој  спортот, но исто така и прв кој настапи  со скокови во скијање на вода. Неколку години подоцна , на 27 октомври 1925 год, Фред Волер ги патентираше и првите   скии за на вода. Додека пак скијањето на вода  релативно брзо почнува да се шири во модерни американските , а потоа европските елитни одморалишта како форма на забава и адреналинска атракција. Натпреварите  во скијање на вода почнуваат  да се организираат  и пред втората светска војна, но поголем и посериозен   систематски развој на скијање на вода како спорт се одвива по војната. Меѓународната спортска  федерација за скијање на вода (International Waterski and Wakeboard Federation)   е  основана во 1955 година.  Од страна на Меѓународниот олимписки комитет е призната  во 1967 година, а  како демонстративен спорт скијањето на вода  е презентиран на  Олимпијадата во 1972 година во Минхен. Во  скијањето на вода разликуваме  неколку  натпреварувачки  дисциплини и тоа: класично скијање, слалом и скокови.

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu